И покрај одложувањето на судските реформи, израелскиот премиер Нетанјаху вели оти тие се неопходни

March 27, 2023
1 min read

„Поради одговорност кон нацијата, решив да го одложам гласањето, за да дадам време за дискусија“, рече израелскиот премиер, но инсистираше на тоа дека реформата е неопходна

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва ѝ се обрати на нацијата, потврдувајќи дека се одложува процесот за воведување на судските реформи кој предизвика масовни протести и блокади ширум земјата.

Тој рече дека е свесен за тензиите кои ги предизвика предложената реформа во правосудството и додаде дека го слуша гласот на народот.

„Поради одговорност кон нацијата, решив да го одложам гласањето, за да дадам време за дискусија“,

рече премиерот на Израел.

Сепак, одложеното гласање, за израелскиот премиер, не значи и целосно отфрлање на реформите.

Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел

Нетанјаху рече дека ќе го одложи второто и третото гласање на законот до крајот на паузата на израелскиот парламент во април, за да даде време за дебата, но инсистираше на тоа дека реформата е неопходна.

Непосредно по обраќањето на израелскиот премиер, лидерот на работничкиот синдикат „Хистадрут“ повика на прекин на генералниот штрајк во Израел, кој беше инициран како протест на најавената реформа во судството.

„Од овој момент генералниот штрајк престанува. Но, ако премиерот се врати на агресивното законодавство, ќе не најде пред него. Законодавството без согласност повторно ќе доведе до генерален штрајк“,

објави Арнон Бар Давид, лидерот на работничкиот синдикат „Хистадрут“.

Во меѓувреме, САД и Велика Британија ја поздравија одлуката на израелскиот премиер со која се паузира процесот на носење на спорниот план за судски реформи.

Претходно денеска, израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир соопшти дека се согласил со премиерот Бенјамин Нетанјаху за одложување на легислативата во периодот до 30 април, кога Кнесетот (парламентот на Израел) ќе биде на пауза поради празникот Пасха.

Гвир, кој е и лидер на екстремно десничарската партија Еврејски сили, сепак, инсистира на тоа дека законот за реформи во правосудството ќе дојде на гласање во летниот мандат на парламентот кој трае од 30 април до 30 јули.

Изјавата на израелскиот министер за национална безбедност дојде во момент кога делови од Израел се целосно блокирани поради масовните протести против планот за реформи во правосудството, но и поради отпуштањето на министерот за одбрана на Израел кој се изјасни против ваквите реформи.

Предлог-реформите во правосудството беа објавени од израелската влада во јануари годинава, тврдејќи дека тие се потребни за да се врати рамнотежата меѓу извршната и судската власт во земјата. Реформите ќе ѝ дадат на владата влијание во изборот на судии и ќе ја ограничат моќта на Врховниот суд да ги укинува законите.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Вечерва во 360°: Надзор над „Бехтел и Енка“ – како двајцата вработени од годишната сметка, станаа 32 „перманентно вработени“ во договорот со ЈПДП

Следно

Околу 300.000 бегалци од Украина остануваат во Чешка

Latest from Blog

Турција и Грција ќе ја прошират соработката за достигнување на целта од 10 милијарди долари во билатералната трговија

АНКАРА/ИСТАНБУЛ (АА) – Соработката меѓу Анкара и Атина ќе се прошири во различни сектори за да се постигне целта од 10 милијарди долари во билатералната трговија, изјави денес турскиот заменик-министер за надворешни

МЗТ Скопје до прв триумф во полуфиналната серија со МКК Куманово

Кошаркарите на МЗТ Скопје остварија сигурна победа од 81:64 во првиот дуел со МКК Куманово од полуфиналната серија на плејофот во македонската машка кошаркарска лига. Домаќините издоминираа во првите дваесет минути и

Јеменските Хуси објавија дека истрелале ракета кон израелскиот аеродром „Бен Гурион“

АНКАРА (АА) – Јеменските Хуси денес соопштија дека истрелале ракета кон аеродромот „Бен Гурион“ во Централен Израел, со што ја прекинале работата на аеродромот, пренесува Анадолу. Во соопштението на војската на Хусите

Папата Лав 14ти ја одржа првата миса со порака за враќање на човештината меѓу луѓето

Прв работен ден за папата Лав Четиринаесетти. Поглаварот на римокатоличката црква ја одржа својата прва голема миса. Ја повика католичката црква да се спротистави на недостатокот на вера кај луѓето и предупреди
Go toTop