Штрајкот ги прекина летовите на израелскиот аеродром „Бен Гурион“

March 27, 2023
1 min read

КУДС (АА) – Поради штрајкот прекинати се летовите на „Бен Гурион“, најголемиот меѓународен аеродром во Израел, јавува Анадолу.

Израел веќе 12 недели е место на протести против владините планови за воведување реформи во правосудството што опозицијата ги гледа како обид за намалување на овластувањата на судството во корист на извршната власт.

Синдикатот на вработените на аеродромите во Израел објави дека штрајкува откако Владата не го суспендираше планот за реформи во правосудството.

Локалните медиуми објавија дека сите летови на аеродромот „Бен Гурион“ се суспендирани.

Израелската национална федерација на синдикати на јавни службеници денес предупреди дека ќе започне генерален штрајк доколку израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не го суспендира својот план за судски реформи.

Штрајк најави и најголемиот работнички синдикат во земјата Хастадрут, како и лекарскиот синдикат.

Нетанјаху синоќа го смени министерот за одбрана Јоав Галант, по еден ден откако шефот на одбраната ја повика Владата да ја запре контроверзната судска реформа.

Смената на министерот предизвика масовни протести што траеја до утрово.

Реформата, предложена од министерот за правда Јарив Левин, ќе биде најрадикална промена досега во системот на владеење во Израел.

Планираната промена сериозно ќе ги ограничи овластувањата на Врховниот суд на правдата, ќе ѝ даде на Владата овластување да избира судии и ќе ја прекине практиката државниот обвинител да назначува правни советници во министерствата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ФОТО+ВИДЕО) Ковачевски за три години во НАТО: На денешен ден С Македонија ја запечати својата безбедносна иднина

Следно

Општина Илинден интензивно работи на реализација на повеќе капитални проекти во населба Јака

Latest from Blog

Општина Чаир – пример за солидарност и грижа за лицата со попреченост

Општина Чаир уште еднаш покажа дека солидарноста и човечноста се дел од нејзините основни вредности, особено во деновите кога годината се приближува кон својот крај и вниманието кон најранливите добива посебно значење.

Една милијарда евра од меѓународните пазари за стабилност на јавните финансии

Македонија следната година планира издавање еврообврзница на меѓународниот финансиски пазар во вкупен износ од една милијарда евра, која ќе биде поделена на два дела од по 500 милиони евра со различен рок
Go toTop