Општина Илинден интензивно работи на реализација на повеќе капитални проекти во населба Јака

March 27, 2023
1 min read

Општина Илинден интензивно работи на реализација на повеќе капитални проекти во населба Јака со цел обезбедување на соодветни современи услови за живеење на граѓаните од тој дел на Општината.

Деновиве се поставува препумпен уред со што се завршува изградбата на фекалната канализација во Јака во вкупна должина од 6.300 метри, со која треба да бидат опфатени најголем дел од домаќинства од тој дел на Општината.

Со изградбата на препумпниот уред се комплетира системот за одведување на отпадни води во Јака и ќе се создадат услови за приклучување на домаќинствата на системот.

Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да се приклучат на системот за одведување на отпадни води, потребно е да достават барање за проверка на техничка можност за реализација на приклучок на канализациона мрежа во административните простории на ЈКП “Водовод“ – Илинден.

Исто така во Јака завршена е изградбата на примарната водоводна линија со дијаметар ф 225 во должина од 400 метри. Со поставување на овој цевковод ќе се поврзе примарната со водоводната линија од населбата Јака. Со поврзувањето ќе се обезбеди доволно количество на вода за корисниците во Јака.

-Со реализацијата на овие капитални проекти го решаваме долгогодишниот проблем со кој се соочуваа граѓаните од тој дел на општина Илинден, а воедно ќе се подобри квалитетот на животот и ќе се заштити животната средина, информира градоначалникот Александар Георгиевски.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Штрајкот ги прекина летовите на израелскиот аеродром „Бен Гурион“

Следно

Три лица уапсени за дрога во Скопје

Latest from Blog

Чиро Имобиле ја заврши фудбалската кариера

Легендарниот италијански репрезенативец, Чиро Имобиле реши да ја заврши својата професионална фудбалска кариера на 36. годишна возраст. Тој неочекувано ја донел оваа одлука непосредно пред стартот на новата сезона, каде што требаше

Агенцијата за управување со одземен имот има речиси 50 милиони евра имот за продажба, за една година вредноста пораснала за 10 милиони

Агенцијата за управување со одземен имот на крајот од 2025 година имала залихи на конфискуван имот вредни околу 48,9 милиони евра, покажува ревизорскиот извештај. Пресметката на Фактор покажува дека само една година

Два инциденти за помалку од 24 часа: Уште еден воз излета од шините во Англија

Според фотографиите од местото на настанот, возот со девет вагони излетал од шините и удрил во надземна жичана греда кога застанал, објавува Телеграф. Излетувањето од шините се случило само неколку часа откако
Go toTop