Хрватска: Од денеска нема гранични контроли на летови на авиони во рамките на Шенген

March 26, 2023
1 min read

На аеродромите во Хрватска од денеска се укинати граничните контроли за патници на летови во рамки на Шенген зоната.

На 1 јануари Хрватска стана членка на Шенген, со што ги укина контролите на внатрешните копнени и поморски граници.

Примената на шенгенските правила на аеродромите од технички причини беше најавена за 26 март, кога почнува летниот распоред на летови.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска девет меѓународни аеродроми во Хрватска започнале со целосна имплементација на шенгенските правила. Тоа се аеродромите во Загреб, Дубровник, Сплит, Задар, Пула, Риека, Осиек, Мали Лошињ и Брач.

Во соопштението на МВР на Хрватска, се нагласува дека од вкупниот број на патници во авиопревозот, во просек 70 отсто ќе бидат патници во Шенген зоната, а 30 отсто надвор од таа зона. Исклучок е аеродромот во Дубровник, каде што бројот на двете групи патници е еднаков.

Од МВР додаваат дека на аеродромите ќе се спроведат сите транзициски планови и ќе се направат сите неопходни инфраструктурни корекции за да се дефинира протокот на патници, односно раздвојување на шенгенските и нешенгенските летови.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Украина бара итен состанок на Советот за безбедност

Следно

Истражување: Украинските бегалци се повеќе се цел на сексуална експлоатација

Latest from Blog

Даниловски: Тигрестиот комарец е лош летач, тој е ниско при земја и со аеропрскање не му можете ништо

Oдозгора не им можете ништо. Тука единствено доаѓа предвид онаа терестрична, локална дезинсекција, појаснува епидемиологот Според него, ова што сега се прави, не се превентивни, туку се противепидемиски мерки. Аеропрскањето не значи

Дел од Тетово и тетовско утре без струја поради замена на дрвен столб со бетонски столб

Дел од Тетово и тетовскиот регион утре, 14 август, ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа. Според најавата, во периодот од 08:00 до 14:00 часот без струја ќе
Go toTop