Во Белорусија стапи во сила законот со кој се воведува смртна казна за велепредавство

March 26, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Во Белорусија денес стапи на сила законот со кој се воведува смртна казна за функционерите и воениот персонал во случај на предавство на државата, известува Анадолу.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко го потпиша Законот, што Владата го воведе кон крајот на минатата година, на 9 март.

Со Законот се менува дел од белорускиот Кривичен закон за „предавство на државата“, и се предвидува можност за доживотен затвор или смртна казна во случај на предавство сторено од страна на службено лице на јавна функција.

Новиот закон ги покрива ширењето на терористичка пропаганда, клеветењето на вооружените сили и други видови воени формации, како и кршењето на условите за заштита на државните тајни.

Законот содржи и членови за шпионажа, терористички акти против државни и јавни личности, саботажи, повици на санкции, создавање или учество во екстремистички формации, финансирање или овозможување екстремистички активности, учество во вооружени формации или вооружени судири на територии на странски земји.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Полицаец заврши во болница откако вдишал чад при гаснење на пожар во Карпош

Следно

Кој ќе го наследи Столтенберг на чело на НАТО: Еве како се избираат кандидатите и кој е во игра

Latest from Blog

Маск формира нова политичка партија во САД

Милијардерот Илон Маск најави формирање на нова политичка партија во САД наречена Американска партија, еден ден откако спроведе анкета меѓу своите следбеници на социјалната мрежа Икс за потребата од нова политичка опција.

На ГП „Богородица“ се чека од 30 до 40 минути

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Како што соопшти Автомотосојузот на Македонија, поради зголемена фреквенција

Андријана Будимир нов тренер на женскиот ракометен клуб Војводина

Женскиот ракометен клуб Војводина официјално објави дека нов тренер на првата екипа ќе биде Андријана Будимир. Поранешната европска шампионка со Кометал Ѓорче Петров го прифати предизвикот и ќе го предводи тимот низ
Go toTop