Телефонски разговор Ковачевски – Шоле: Република Северна Македонија кредибилен партнер на ЕУ и САД и пример за успешно решавање на отворени прашања

March 24, 2023
1 min read

На барање на советникот на американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска оствари телефонски разговор со Шоле. На разговорот присуствуваа и заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ и амбасадорката на САД во земјава, Анџела П. Агелер.

Високиот претставник на Стејт департментот, Шоле се заблагодари за покажаното лидерство на Република Северна Македонија и на премиерот Ковачевски како домаќин на состанокот на високо ниво од дијалогот помеѓу Србија и Косово, кој, под покровителство на Европската Унија и со поддршка на САД се одржа на 18 март во Охрид.

Организирањето на овој настан, како што нагласи Шоле во телефонскиот разговор, е препознавање на кредибилноста на Република Северна Македонија како партнер на ЕУ и САД, како и пример за успешно решавање на отворените прашања.

Премиерот Ковачевски и советникот Шоле, разговараа за повеќе актуелни прашања, со фокус на евроинтеграцискиот процес на Република Северна Македонија, пришто беше потврдена континуираната поддршка од САД за заложбите на државата за исполнување на критериумите за влез во ЕУ, како и обезбедување стабилност, просперитет и економски развој на тој пат.

Во таа насока, премиерот Ковачевски се заблагодари на САД за поддршката и охрабрувањето на сите политички партии во Собранието да работат заедно во конструктивна атмосфера, градејќи меѓупартиски консензус, фокусирајќи се на конкретни чекори во преговарачкиот евроинтеграциски процес.

Премиерот Ковачевски потенцираше дека Република Северна Македонија и понатаму ќе биде фактор на стабилност во регионот, преку практикување на политиките на дијалог и негување на добрососедските односи. Взаемно беше констатирано дека иднината на Западен Балкан е во ЕУ и земјите треба посветено да работат во насока на забрзување на евроинтеграциските процеси преку носење на мудри и одговорни одлуки.

Премиерот изрази увереност дека во претстојниот период ќе се зајакне соработката со САД во изнаоѓање системски решенија за справување со корупцијата на секое ниво, вклучувајќи ја и високата корупција.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Макрон: Договорот Србија-Косово е важен напредок и треба веднаш да се спроведе во целост

Следно

Баерн официјално потврди: Тухел до 2025 година ќе царува во Минхен (ФОТО)

Latest from Blog

ПЛ: „Шумарите“ поразени дома, Евертон со моќна победа над Кристал Палас

фото: Premier League (X) Извонреден почеток на фудбалерите на Евртон на новата премиерлигашка сезона. „Сините“ од Ливерпул пред своја публика ги освоија премиерните три бода победувајќи со 2:0 на дуелот со Кристал

Петмина тинејџери загинале возејќи во спротивен правец за да снимат видео на Тик-Ток

Трагичната сообраќајна несреќа, која повторно го отвори прашањето за опасниот тренд на објавување снимки од диво возење на социјалните мрежи, се случила на 16 август, кога момчињата на возраст од 15 до

И Здравје и работа: Одлуките за рударството треба да се темелат на науката, стручноста и институционалната контрола

Јавната дебата за иднината на рударството во Македонија мора да се води со факти, стручни аргументи и почитување на различните ставови, а не преку ширење страв, непроверени тврдења и лични дисквалификации, порача

ВИДЕО | ХОРОР ВО РОДНИОТ ГРАД НА ЗЕЛЕНСКИ: Руски дронови погодија трговски центар, 16 лица загинаа

Спасувачите во Кривји Рих и натаму се борат со последиците од еден од најтешките напади врз градот во последниот период. Во разорниот руски напад со беспилотни летала врз трговски центар загинаа 16
Go toTop