Макрон: Договорот Србија-Косово е важен напредок и треба веднаш да се спроведе во целост

1 min read

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека договорот меѓу Србија и Косово е „важен напредок“ и дека сега е од суштинско значење двете страни да покажат одговорност и „веднаш и со добра волја да почнат да ги спроведуваат сите обврски“ наведени во него.

На крајот од сесијата на лидерите на ЕУ, на која високиот европски претставник Жозеп Борел ги информираше за договорот меѓу Белград и Приштина за нормализација на односите, Макрон го поздрави договорот и побара брзо спроведување.

Францускиот претседател истакна дека „добро е познато колку Франција и Германија работеа заедно за ова и дека ќе продолжат да го прават тоа и во иднина“. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Муслиу и Зајков отпаднаа за Фарски Острови, селекторот Милевски повика нов дефанзивец

Следно

Телефонски разговор Ковачевски – Шоле: Република Северна Македонија кредибилен партнер на ЕУ и САД и пример за успешно решавање на отворени прашања

Latest from Blog