Левиот бек Езџан Алиоски како еден од најискусните фудбалери во македонската репрезентација, по поразот од Швајцарија истакна дека нашиот тим има квалитет и го покажал тоа во првото полувреме вечерва во Луцерн.
„Тешко ни е. Покажавме дека имаме квалитет, дека може да играме фудбал. Лесно е да критикува. Мора да научиме од грешките на овие натпревари. Сигурно е дека имаме квалитет, покажавме во првите 45 минути. Конечниот резултат е друго, но направивме две грешки, примивме два гола, не е лесно да се вратиш. Најважно е дека мора да веруваме во себе и да се кренеме“, рече Алиоски.
Извор: sportmanija.mk


