Screenshot

Проданоски: 10.000 тутунопроизводители од Прилеп добија субвенции

June 16, 2026
1 min read

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, соопшти дека се исплатени субвенциите за реколтата од 2025 година за тутунопроизводителите, во вкупен износ од над 2 милијарди денари, наменети за повеќе од 15.000 корисници низ државата.

Тој нагласи дека оваа мерка претставува значајна поддршка за земјоделството, особено за тутунарството како една од клучните стопански гранки што со децении има големо влијание врз економскиот развој на Прилеп и прилепскиот регион.

Според податоците, околу 10.000 корисници, односно тутунопроизводители, се од овој регион, што, како што истакна Проданоски, јасно ја потврдува улогата на Прилеп како препознатлив центар на тутунопроизводството во државата.

 

Исплатата, како што посочи тој, значи финансиска сигурност за земјоделците, полесно планирање на идното производство и дополнителен поттик за развој на руралните средини.

Проданоски додаде дека локалната самоуправа останува посветена на поддршка на земјоделците и на сите иницијативи што придонесуваат за стабилни приходи и одржлив развој на земјоделството во општината.

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Бразил без Нејмар и за натпреварот со Хаити

Следно

Мери Младеновска-Ѓорѓиевска, адвокатка и поранешна министерка за правда, одликувана со орден „Витез од редот на Ѕвездата на Италија“

Latest from Blog

Божиновска: Новиот Закон за енергетика ја зајакнува сигурноста и ја забрзува транзицијата

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска учествуваше на „IFC Day in North Macedonia“, настан организиран од Меѓународната финансиска корпорација (IFC), членка на Групацијата на Светска банка, посветен на

Мери Младеновска-Ѓорѓиевска, адвокатка и поранешна министерка за правда, одликувана со орден „Витез од редот на Ѕвездата на Италија“

Со декрет на претседателот на Република Италија, Серџо Матарела, на адвокатката и поранешна министерка за правда, Мери Младеновска-Ѓорѓиевска, ѝ е доделено високото државно признание орден „Витез од редот на Ѕвездата на Италија“.

Бразил без Нејмар и за натпреварот со Хаити

фото: RMFCTeam (X) Нејмар нема да игра и на натпреварот против Хаити на Светското првенство во 2026 година. Според новинарката Раиса Симплисио, напаѓачот на бразилската репрезентација сè уште не се опоравил од
Go toTop