Ивановска: Како ќе им објасните на сиромашните граѓани дека за 35 години независност се троши над милион евра за светска ѕвезда?

June 1, 2026
1 min read

Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, смета дека јавноста има право да знае колку ќе чини прославата за 35-годишнината од независноста на државата и кои институции ќе бидат задолжени за нејзината организација.

Во гостување во емисијата „Топ Тема“ на Телма, Ивановска порача дека граѓаните заслужуваат целосна транспарентност околу трошоците и придобивките од најавената прослава.

„Народот заслужува да добие информација колку ќе чини и што ќе добие за тие пари. Престижно е тие луѓе да дојдат во државата и да одржат концерт, убаво е да се слават 35 години независност, но треба да се излезе и да се каже кое министерство за што ќе биде задолжено“, изјави Ивановска.

Таа го отвори и прашањето за оправданоста на ваквите трошоци во услови на висока јавна задолженост и намалена куповна моќ на граѓаните, посочувајќи дека е потребен баланс меѓу свеченото одбележување и економската реалност.

„На кои луѓе кои се сиромашни ќе им објасниш дека ќе доаѓа светска ѕвезда која не чини под милион евра? Малку треба да се консолидираат работите. Граѓанинот можеби ќе земе воздишка тој ден, но дали ќе има достоинствен живот низ цела година, тоа е друго прашање“, рече Ивановска.

Таа додаде дека покрај ангажирањето странски музички имиња, треба да се размисли и за поголемо вклучување на домашните музички легенди во одбележувањето на јубилејот, со цел да се постигне соодветен баланс меѓу трошоците и јавниот интерес.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Официјално објавени промените што ќе стапат на сила веќе на СП 2026!

Следно

Нови документи за случајот Епштајн: Како бил поставен Манделсон за британски амбасадор во САД

Latest from Blog

Нови документи за случајот Епштајн: Како бил поставен Манделсон за британски амбасадор во САД

Британската влада објави втора серија документи за назначувањето на поранешниот пратеник Питер Манделсон за амбасадор во Вашингтон, откако неговата кандидатура покрена прашања за проценката на британскиот премиер Кир Стармер за врските на

Макрон: Разговарав со Трамп, подготвени сме да испратиме војска на Ормутскиот теснец

Макрон се огласи на социјалните мрежи за да каже дека детално разговарал за ситуацијата на Блискиот Исток со Трамп. „Ги пофалив решителните напори што ги предводи за постигнување договор меѓу САД и

Средба Хоџа – Варанк: Зајакнување на соработката со Турција во пресрет на COP31

Во рамки на МЕФ 2026, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари билатерална средба со Фатма Варанк, извршна директорка на COP31 и заменик-министерка за животна средина, урбанизација и климатски
Go toTop