Русија започна нов жесток бран напади со беспилотни летала во Украина, има мртви

March 22, 2023
1 min read

Горните катови на две станбени згради утринава беа погодени во градот Ржишчив, на периферијата на главниот град. Меѓу жртвите има и 11-годишно момче, соопштија спасувачките служби

Руските сили нападнаа неколку украински града, при што загинаа најмалку три лица во напад со беспилотно летало врз станбена населба во регионот на Киев.

Горните катови на две станбени згради утринава беа погодени во градот Ржишчив, на периферијата на главниот град. Меѓу жртвите има и 11-годишно момче, соопштија спасувачките служби.

Седум лица се повредени, а четворица се затрупани под урнатините. Во тек е голема спасувачка операција.

Во одделен руски напад, беа ранети три лица во јужниот град Одеса, кога беше погодена трикатна зграда, изјави началникот на претседателскиот кабинет, Андриј Јермак.

Напади со беспилотни летала беа изведени и во северозападниот регион Житомир, но нема повредени. Сирените за воздушен напад одекнаа низ Украина неколку часа подоцна поради извештаите дека полетале руски воени авиони со ракети со долг дострел.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Општина Гази Баба доделува субвенции за набавка на електрични тротинети

Следно

Инфлацијата во Британија достигна 10,4 отсто во февруари

Latest from Blog

ЛШ плеј-оф: Серафимов и Левски одиграа 0:0 против АЕК, и Динамо Загреб и Фенер без победа на свој терен!

ФОТО:facebook.com/levskiofficial/ Вечерва се одиграа првите три меча од плеј – офот во Лигата на Шампионите. За нас секако најинтересни беа случувањата во Софија каде во првиот дуел силите ги одмерија Левски и

Младите пијат сè помалку алкохол (како не им е срам) – Што велат трендовите во Македонија

Светските медиуми имаат нова омилена рубрика за „трач“ вести, поврзани со пијачките навики или недостигот од нив на младата популација, пред се од т.н. Генерација Зет. Натписите понекогаш се преувеличени, односно дека

Манчестер Јунајтед купува стопер во Германија

Англиските медиуми попладнево јавуваат дека менаџментот на Манчестер Јунајтед, ги контактирал претставниците на играчот на Баер Леверкузен, Едмонд Тапсоба, за да евентуално го донесат како следно засилување во одбраната. Тапсоба стопер кој

Проданоски: Сè што имаме ставаме на располагање за справување со пожарот

Вечерва беше одржан координативен состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Прилеп, на кој беше разгледана актуелната состојба со пожарот во селото Чаниште и поширокиот Мариовски регион, како и ризиците
Go toTop