Драма во авион: Маж сакал да ја отвори вратата среде лет, патниците го совладаа (ВИДЕО)

November 25, 2026
1 min read

Инцидентот се случил на летот 1494, а видеото од настанот прикажува маж во конфликт со кабинскиот екипаж, пренесува ABC7.

Патниците му помогнале на екипажот

Според изјавата на еден од патниците, Шон Бенет, другите патници веднаш им притрчале на помош на екипажот за да го совладаат човекот. „Беше неверојатно колку брзо сите реагирале за да го совладаат човекот, а стјуардесите останале исклучително смирени и мирни“, рече Бенет. Тој потврди дека авионот слета безбедно и дека никој друг не е повреден во инцидентот.

An American Airlines flight from San Diego to Chicago was forced to make an emergency landing after there was an apparent altercation on board. Video shows a man struggling with flight attendants and passengers. https://t.co/zm223pYrbY https://t.co/dEGdFxKCrL

— ABC7 Eyewitness News (@ABC7) November 25, 2026

Се обидел да ја отвори вратата од авионот

Полициската управа во Феникс соопшти дека патникот го напуштил своето седиште и отишол на предниот дел од авионот. Таму, тој упорно одбивал да ги почитува упатствата на екипажот да се врати на местото, а потоа се обидел да ја отвори излезната врата. Екипажот и патниците успеале да го задржат сè додека авионот не слета безбедно на меѓународниот аеродром „Скај Харбор“ во Феникс.

Човекот што го предизвикал инцидентот претрпел полесни повреди и бил однесен во болница на преглед. Инцидентот се случил додека авионот летал во близина на границата меѓу Аризона и Калифорнија. За сè е информирано и ФБИ, кое ќе ги разгледа полициските извештаи. Истрагата е во тек.

Официјални изјави

Федералната администрација за воздухопловство (FAA) потврди дека летот 1494 слета околу 1 часот по локално време во среда поради пријава за нарушување и најави сопствена истрага.

„Американ ерлајнс“ соопшти дека авионот бил пренасочен поради проблематичен патник. „По пристигнувањето, полицијата го пречека авионот и помогна да се истовари тој патник, по што летот продолжи кон својата дестинација. Безбедноста на нашите корисници и членовите на тимот е наш врвен приоритет. Им благодариме на нашите вработени за нивната професионалност, а на патниците за нивната помош и разбирање“, се вели во соопштението на компанијата. Летот потоа продолжи кон Чикаго со задоцнување.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

За помалку од минута и пол, два пенали за Спортинг против Манчестер јунајтед

Latest from Blog

Николоски во ноќна посета на Коридорот 10: Интензивно се работи на обновата на автопатот кон Грција

Интензивно и во ноќни услови го асфалтираме автопатат на Коридор 10 од Гевгелија до граничниот премин Богородица. Во една вечерна посета се уверуваме дека градежните работи се одвиваат одлично и за многу

Бујаре Абази на надзорна расправа во Собранието: Постапката за АЛТА Банка беше транспарентна и целосно законска

Претседателката на Комисијата за надзор на пазарот на капитал (КНПК), Бујаре Абази на денешната собраниска надзорна расправа истакна дека постапувањето по барањето на „АЛТА БАНКА АД Белград“ за преземање на „Стопанска банка

Николоски: Работата на вештаците е малку видлива, но има големо значење за правдата

Вештачењето како дејност има значајна улога во функционирање на правосудниот систем и остварувањето на правдата. Зад секоја правилно донесена судска одлука стои еден поширок процес на утврдување на фактите, анализа на доказите

Коњановски: Советот за јавно здравје ќе ги утврдува здравствените приоритети на Битола

Општина Битола формираше Совет за јавно здравје, кој треба да ги утврдува здравствените потреби на граѓаните, да поставува приоритети и да ги координира локалните активности за превенција. Ова го истакна градоначалникот Тони
Go toTop