„Бесни сме. И имаме шест наредби“: Протест во Скопје поради насилството врз жените

November 25, 2026
1 min read

 

Со едноминутно молчење во спомен на жените и девојките чии животи беа насилно одземени, вечерва во Скопје, започна протестот на Движењето за слобода и правда на жените „Ниту една повеќе“. Протестот започна пред Собранието, поворката се движеше низ центарот на градот и заврши пред Министерството за внатрешни работи.

По пристигнувањето пред МВР, учесниците извикуваа „џандари убијци“ и фрлаа тоалетна хартија.

Учесниците на протестот, на улицата пред полициските службеници, истурија земја и рекоа дека тоа го прават „пред заштитниците на насилниците“. Пред земјата поставија картон, како импровизација на гроб со споменик на кој пишуваше: „Овде почиваат телата на 59 жени жртви на институциите. Споменикот го подигнаа другарките и другарите, соборките и соборците против насилството“.

„Овде почиваат нашите убиени другарки. Секој што фрли земја им оддаде почит. Гробницата нивна ќе стои тука, пред полиција. Ова е потсетник да не заборавите дека вие ги закопавте. И уште поважно – потсетник дека вие ќе одговарате“, рече една од учесничките на протестот.

Таа додаде „бесни затоа што нè учите како да не бидеме силувани, тепани, убивани“.

„Бесни сме затоа што не ги учите насилниците како да не бидат насилници. Бесни сме затоа што нè терате да пријавуваме насилство, а после тоа нè враќате кај нашите насилници. Бесни сме затоа што насилниците имаат повеќе права од жените што се борат за сопствените животи. Бесни сме затоа што секоја убиена жена за вас е уште еден нерешен случај. И згрозени сме од вашата партиска некрофилија. Згрозени сме од вашите лажни сочуства. Згрозени сме од системот што ги штити насилниците, а ги убива жените“, додаде таа.

И порача:

„Нема да бидеме тивки, послушни и нема да бидеме ваши“.

Во обраќањата пред Собранието, пред насобраните претежно млади девојки и момчиња, претставниците на Движењето кажаа шест наредби до институциите и побараа тие да бидат реализирани до 10 декември – Денот на човековите права. 

„Денеска наредуваме шест конкретни наредби до институциите. Каде е сега итната постапка? Најитно донесување на законските измени за заштита од насилство, особено на Законот за спречување и заштита на жените и семејното насилство, поднесени на 26 август во Собранието. Рокот ви е до 10 декември. Во спротивно ќе го славиме Денот на човековите права на 10-ти пред Собранието“, рече Анастасија Павловска од Движењето.

Во обраќањето пред Собранието Мартин Џорлев рече дека одговорните треба конечно да преземат одговорност за фемицидите, за сета смрт, за корупцијата и за уништувањето на нивниот идентитет. 

Заедно со демонстрантите беше и пратеничката Моника Зајкова од ЛДП, други политичари и личности од јавниот и општествениот живот во земјата.

Извор: nezavisen.mk

Целиот текст прочитајте го тука

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Веќе четири години играат во Премиерлига, а се уште не знаат англиски јазик!?“

Следно

Најмалку 30 загинати во пожар во близина на Каиро, експлодирале плински боци во камион

Latest from Blog

Најмалку 30 загинати во пожар во близина на Каиро, експлодирале плински боци во камион

Најмалку 30 лица загинаа, а повеќе од 15 се повредени во пожар што избувна по експлозија на плински боци во камион во гувернеријата Гиза, во близина на египетската престолнина Каиро – соопшти

Драма во авион: Маж сакал да ја отвори вратата среде лет, патниците го совладаа (ВИДЕО)

Инцидентот се случил на летот 1494, а видеото од настанот прикажува маж во конфликт со кабинскиот екипаж, пренесува ABC7. Патниците му помогнале на екипажот Според изјавата на еден од патниците, Шон Бенет,

Николоски во ноќна посета на Коридорот 10: Интензивно се работи на обновата на автопатот кон Грција

Интензивно и во ноќни услови го асфалтираме автопатат на Коридор 10 од Гевгелија до граничниот премин Богородица. Во една вечерна посета се уверуваме дека градежните работи се одвиваат одлично и за многу
Go toTop