Вучиќ: Се што кажав ќе спроведеме, а за признавање и членство во ОН или телата на ОН нема ни говор

March 21, 2023
1 min read

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека Србија не користи трикови и дека ќе го исполни и ќе работи на спроведување на сето тоа што го кажал во Охрид и покрај тоа што не мисли дека Приштина ќе ја исполни својата единствена обврска, а тоа е да ги почитува договорите постигнати во дијалогот, да формира Заедница на српските општини, јави дописникот на МИА од Белград.

-Тоа што веќе го кажав е дека нема говор за членство во Обединетите нации, како и за организации, институции и агенции на ОН и – нема признавање, кажа Вучиќ, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата со шефот на италијанската дипломатија Антонио Тајани дека дел од црвените линии за кои зборува ги гледа како начин да се избегне спроведувањето на договорот.

Ние, за разлика од нив, посочи Вучиќ, никогаш не сме се користеле со трикови, секој ден го повторувам тоа што го кажав во Народното собрание, како и она што им го кажав во Охрид, Брисел и на (западната) петорка во Белград, и мојот став ни јота се нема сменето пред никого.

-За Србија е правно обврзувачко кога на нешто ставам потпис или печат, или кога вербално или усно се согласувам. И никој друг не може да произведе правни последици за Србија освен нејзиниот претседател и во некои случаи премиерот или министерот за надворешни работи. Што се однесува до исполнувањето, Србија ќе го исполни и ќе работи на имплементација на сè што рече дека ќе направи, и покрај тоа што не мислам дека Приштина ќе го исполни она што е единствената обврска, а тоа е да ги почитува договорите постигнати во дијалогот и да формира ЗСО. Значи, се што кажавме дека ќе работиме на имплементација, ќе го направиме, а она што го кажав дека нема, а тоа му го повторив и на Тајани денеска, е дека нема говор за членството во ОН, организации, институции и агенции ОН и нема признавање, рече Вучиќ.

Според него, сè друго што значи вистинска нормализација на односите, нормални односи меѓу Србите и Албанците и многу подобри односи без тензии и конфликти, Србија е подготвена да го спроведе и Србија ќе ги имплементира.

– А дали некој друг ќе го спроведе, ќе видиме, па јас ќе ги прашам кој користел трикови, а кој не, истакна Вучиќ.

Тој посочи дека Србија стои на зборот и дека зборот на Србија нешто и значи и дека се плаши дека дури и нечии потписи не значат ништо до денес, бидејќи, како што рече, „ако не беше така, тогаш 10 години по потпишувањето на договор, не би зборувале за ЗСО како што зборуваме денес“.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

УНИЦЕФ: Во Пакистан 10 милиони луѓе се уште немаат вода за пиење поради минатогодишните поплави

Следно

Шкупи по втор пат го отпушти Седлоски

Latest from Blog

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Премиерот Христијан Мицкоски утре доаѓа во Тетово

Утре 23.03.2026 година (понеделник) претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“, инофрмираат од владината прес-служба.
Go toTop