ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ ГИТАРИСТ ЏЕФ БЕК

January 12, 2023
1 min read

Џеф Бек, еден од највлијателните рок гитаристи на сите времиња, почина на 78 години. На неговиот профил на Твитер беше објавено дека починал откако неодамна фатил бактериски менингитис.

Британскиот музичар се проби како член на „Јардбирдс“, пред да формира своја сопствена група со Род Стјуарт. Неговите тон и начин на свирење ја редефинираа гитарската музика во 1960-ите и извршија големо влијание врз жанрови како хеви метал, џез рок, па дури и панк. Тоа е она што особено го истакнуваат бројните музичари кои денеска се простуваат од Бек, па Брајан Меј од „Квин“ го опиша како „апсолутниот врв на гитарското свирење“, додека гитаристот на „Лед Цепелин“, Џими Пејџ, кажа дека „тој имал неограничена музичка имагинација“.

Светот го изгуби еден од најголемите гитаристи на сите времиња“, изјави Мик Џегер.

Бек се вљубил во рокенролот уште како дете и првата гитара ја добил како тинејџер. Тој се придружи на „Јардбирдс“ во 1965 како замена за Ерик Клептон. Таму се задржа две години, по што формираше своја сопствена група, чии први два жестоки албума ги поставија темелите на хеви металот. По заминувањето на пејачот Род Стјуарт и басистот Рони Вуд, Бек се врати со успешни инструментални албуми.

Во 1980-ите соработуваше со имиња како Најл Роџерс, Род Стјуарт, Мик Џегер и Роџер Вотерс, а од крајот на 1990-ите повторно почна да снима соло албуми, по што ја освои четвртата Греми награда. Последниот албум го објави лани заедно со Џони Деп.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФА започна истрага за обложување на мечот Оксфорд – Арсенал

Следно

15 лица вчера возеле без возачка дозвола низ Скопје

Latest from Blog

По пукањето во Маниса приведени малолетникот, неговите родители и дедо му – 11 се ранети

Гурлек соопшти дека малолетникот кој пукал пред училиштето е приведен, како и неговите родители и дедо му. Инцидентот се случил околу 8 часот наутро по локално време во градот Тургутлу, во близина

Димитриеска-Кочоска во Њујорк на форум за растот и иднината на новата економија

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска во Њујорк ќе учествува на работната сесија „Поттикнување на растот во новата економија“, во рамки на Sustainable Development Impact Meetings 2026, организирани од Светскиот економски форум.

Проданоски со австралискиот амбасадор: Фокус на инвестиции, економска соработка и нови проекти

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска остварил средба со амбасадорот на Австралија во Република Србија, со акредитација и за Македонија, Питер Трасвел, почесниот конзул и претставници на Амбасадата на Австралија. На

7,19 милиони денари промет на Берзата: Комерцијална банка убедливо најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 22.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.989,30 поени. Во однос
Go toTop