Итан Хоук сам си ги глуми каскадерските сцени во новиот филм

January 26, 2026
1 min read

 Итан Хоук можеби „не виси“ од облакодери и не се држи за авион в лет, како Том Круз во „Невозможна мисија“, но беше подготвен да ги прави каскадерските задолженија во рамки на својата улога во „Товар“ (The Weight) – историско-акциона драма којашто денеска премиерно се прикажува на Филмскиот фестивал „Санденс“ во САД.

Во приказната од ерата на Големата депресија во 1930-тите, Хоук го глуми Семјуел – вдовец одвоен од својата ќерка и испратен во тежок работен логор. Па, кога чуварот (Расел Кроу) му нуди предвремено ослободување ако пренесува злато низ смртоносна дивина, тој ја прифаќа опасната авантура, за повторно да го види своето дете. Во тоа патешествие имало и опасно возење, тепачки и задржување здив под вода во замрзната река.

– Том Круз целосно го промени она што се очекува од глумците. Дел од мене се лути за тоа што низ годиниве сите некако се чувствуваат како помалку вредни ако користат тим за каскадери. Она што ми се допадна во нашиот филм е што немаше смешни каскадерски дејствија. Сѐ тоа е човечко. Не станува збор за работи што експлодираат, па затоа повеќето каскадерски дејствија беа работи што можеме да ги правиме. Не беа суперхеројски потфати, рече Хоук за „Варајети“.

Режисерот Падрик Мекинли, кoj со  55-годишниот глумец работеше и на каубојскиот филм „Птицата на добриот господар“, вели дека Хоук е скромен и ги потценува своите херојски подвизи.

– Итан не спомена дека ги направи сите каскадерски дејствија, вклучително и возењето на тие стари автомобили… Тој ги направи сите нив, освен еден мал широк кадар откако речиси си ја откина тетивата, рече Мекинли.

Хоук вели дека филмот говори за љубовта на таткото, додавајќи дека неговата изведба била под влијание на неговите сопствени искуства како родител.

– Тоа е она што го прави сценариото безвременско. Некои од најдобрите акциони филмови на сите времиња се ориентирани кон нешто реално, нагласи глумецот.

Хоук, инаку, деновиве ја доби својата петта номинација за „Оскар“ – прва за главна улога, за друг филм од лани – „Сина месечина“.

– Воодушевен сум кога луѓето снимаат по еден филм на секои пет години. Навистина ми се допаѓа да снимам филмови. Почнав кога бев млад и лудо се вљубив во тој процес. Не можеш да го правиш тоа сам. Има магија поврзана со сѐ тоа. Штом ќе го почувствуваш тоа чувство дека правиш нешто поголемо од себе и гледаш како се поврзува со публиката, „го бркаш“. Јас само сѐ уште го бркам, заклучи Хоук.  

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Американски алпинист искачи кула висока 500 метри во Тајпеј со „голи раце“

Следно

Проданоски меѓу учесниците на Самитот на балканските градови во Загреб

Latest from Blog

Нептун во Овен носи нова духовна ера

Со влезот на Нептун во Овен на 26 јануари 2026 година, започнува длабок и долготраен колективен пресврт. По децении во Риби, каде духовноста беше поврзана со повлекување, жртва, магла и бегање од

Божиновска: Соларната енергија – темел на енергетската транзиција во Македонија

26 јануари – Меѓународниот ден на чистата енергија Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја потенцира важноста на соларната енергија за одржлив развој на земјата. „Македонија има сонце. И има потенцијал“,

Внимавајте кога пребарувате на “Google” за здравје: Еве кој најчесто ви одговара на важни прашања

Функцијата за пребарување на „Google“ под име „AI Overviews“ го цитира „YouTube“ повеќе од кој било медицински веб-сајт кога одговара на прашања за здравствени состојби, покажува најновото истражување. Компанијата „Google“ соопшти дека
Go toTop