Божиновска: Соларната енергија – темел на енергетската транзиција во Македонија

January 26, 2026
1 min read

26 јануари – Меѓународниот ден на чистата енергија Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја потенцира важноста на соларната енергија за одржлив развој на земјата.

„Македонија има сонце. И има потенцијал“, изјави министерката Сања Божиновска, нагласувајќи дека со над 280 сончеви денови годишно, соларната енергија е еден од најсилните адути во енергетската транзиција. Таа додаде дека на терен веќе се гледа раст на фотоволтаици, интерес од инвеститори и граѓани, како и конкретни државни проекти што ја движат промената.

Министерството, според Божиновска, не е само регулатор, туку активен двигател со јасна визија и фокус на државни инвестиции во соларни капацитети и системи за складирање енергија, како и политика што поддржува декарбонизација и модернизација на енергетскиот систем.

„Енергетската транзиција не се гради сама. Таа бара партнерство – со бизнис секторот, академијата и граѓаните. Само заедно можеме да изградиме модерен, сигурен и одржлив енергетски систем“, додаде Божиновска.

Министерката истакна дека чистата енергија значи почист воздух, посилна економија и подобар живот, нагласувајќи дека тоа е патот по кој Македонија одлучно продолжува.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лапорта со најава за трансфер на Халанд ќе ги “купува“ гласовите за нов мандат!

Следно

Петрушевски: Пратениците на СДС го бојкотираат Венко Филипче?

Latest from Blog

Со многубројна публика и одлична атмосфера заврши фестивалот „Звуците на културата во Ѓорче 2026“

Со многубројна публика, музика, танц и содржини за сите генерации заврши фестивалот „Звуците на културата во Ѓорче 2026“. Во текот на петокот и саботата, паркот беше исполнет со посетители кои дојдоа да

Партијата на Путин убедливо победи на изборите на руската Државна дума

Според првичните резултати, владејачката „Единствена Русија“ освои најмногу гласови, додека втора беше Комунистичката партија на Русија. „Единствена Русија“ освои 57,54 отсто од гласовите според првите обработени податоци, соопшти Централната изборна комисија на
Go toTop