Собор на Светите Седумдесет aпостоли

January 17, 2026
1 min read

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 4 јануари.

Собор на Светите Седумдесет aпостоли

Освен Дванаесеттемина големи апостоли Господ избра уште седумдесетмина други, помали апостоли и ги испрати на проповед на Евангелието, и тоа се двајца по двајца пред лицето Свое во секој град и место, говорејќи: „Еве, Јас ве испраќам како јагниња меѓу волци“ (Лука 10, 1 – 5). Но како што еден од Дванаесеттемина, Јуда Искариот, отпадна од Господ така и некои од овие Седумдесетмина отстапија од Бога, но не со намера за предавство туку според човечка немоќ и маловерност (Јован 6, 66). И како што местото на Јуда беше пополнето со друг апостол така и овие места беа пополнети со други избраници. Овие апостоли се трудеа на истото дело како и Дванаесетте големи апостоли и им беа помошници на Дванаесеттемина во ширењето и утврдувањето на Божјата Црква во светот. Претрпеа многу маки и пакости од луѓето и од демоните, но нивната тврда вера и ревносна љубов кон воскреснатиот Господ ги направија победници на светот и наследници на Небесното Царство.

Тропар
Апостоли свети, молете Го милостивиот Бог да ни подари простување на нашите согрешенија.

Евнухот на царицата Кандакија

Овој црнец и евнух прими Крштение од Светиот апостол Филип (Дела 8, 26 – 40). По ова се врати дома и почна да Го проповеда Христа. Тој беше првиот апостол меѓу црнците во Етиопија. Заврши маченички и се удостои со Царството Божјо.

Преподобниот маченик Онуфриј Хилендарец

Како млад им се налути на родителите и пред Турците изјави дека ќе се потурчи. Веднаш потоа се покаја за тие зборови, отиде во Хилендар и се замонаши. Го мачеше совеста и се одлучи за мачеништво. Со благослов на неговиот духовник појде во Трново пред Турците и се објави како христијанин, го исмеа Мухамед и за ова го заклаа на 4 јануари 1818 година во триесет и втората година од неговиот живот. Телото на овој духовен витез не е сочувано, зашто Турците го фрлија во морето.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Антун Пустиник.

Бил роден во 250 година во Коми, во среден Египет. Неговите родители биле богати и угледни граѓани. Неговите родители умреле кога имал 18 години. Поттикнат од Божјиот повик, им го разделил своето богатство на сиромашните и отишол во пустина да живее покорен живот. Со молитва и одрекнување сакал да постигне поголемо совршенство. Кога царот Максимијан почнал во Египет да ги прогонува христијаните, Антун, загрижен за црквата, ја напуштил пустината и отишол во Александрија каде го проповедал христијанството. Во 311 година, повторно се вратил во пустината. По него тргнале многу млади луѓе кои биле воодушевени од христијанскиот идеал и бројот на пустиници брзо пораснал на 6.000. Умрел во 356 година, на 105-годишна возраст.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сообраќајот на патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози

Следно

Почина претседателот на Фиорентина

Latest from Blog

Поранешниот претседател на Јужна Кореја е осуден за лажење во изборната кампања

Доколку пресудата биде потврдена по жалба, може да ја принуди партијата на Јун да врати околу 27 милиони долари, или 39,7 милијарди јужнокорејски вони, што ги доби од Националната изборна комисија по

Битката за албанскиот електорат: ВЛЕН во предност со 34%, ДУИ со 30% според анкетата „Стратум Р&Д“

Партијата ВЛЕН соопшти дека резултатите од ново истражување на јавното мислење покажуваат дека таа е најподдржувана политичка сила кај албанскиот електорат во Северна Македонија. Според анкетата спроведена во јуни од Институтот за

Истрагата од ботоксот се прошири и на митото: Претседател на стоматолошкото друштво, осомничен за примање поткуп

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, за кои постои основано сомнение дека првоосомничениот сторил кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, додека на

Собранието го усвои ребалансот на Буџетот: 5,8 милијарди денари повеќе за капитални инвестиции

27 јули 2026 година, Скопје – Собранието денеска го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година со кој се обезбедуваат  повеќе средства за развој и капитални инвестиции, поддршка на земјоделството, социјалната заштита, општините и

Коњановски: Интензивно се градат спортски терени во ОУ „Гоце Делчев“ и „Даме Груев“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, информира дека со забрзана динамика продолжува реализацијата на проектите за изградба и реконструкција на спортски игралишта во основните училишта во градот. При увидот во Основното училиште „Гоце
Go toTop