Погрешните одлуки влијаат погубно на нашиот живот, а ние тоа го нарекуваме судбина

January 2, 2026
1 min read

Швајцарскиот психијатар и основач на аналитичката психологија, Карл Густав Јунг, на едноставен, но длабок начин, го осветлил едно од најстарите и најинтригантни прашања на човековата мисла: дали навистина постои судбина, можеме ли ние да ја обликуваме или нашиот живот е предодреден?

Судбина – мит или реалност?

Многу луѓе во тешки, безнадежни ситуации бараат утеха во верувањето дека постои повисока сила што управува со нивните животи. Од друга страна, кога животот тече непречено, кога постигнуваме успех или ги исполнуваме нашите соништа, честопати забораваме на идејата за судбина. Јунг токму во тоа го воочил клучот: она што го нарекуваме судбина е често одраз на несвесните процеси во нас самите.

Како Јунг гледал на судбината

Јунг еднаш рекол:„Ако не разбереме што се случува во нас, тогаш однадвор ни се чини дека тоа е судбина. Додека не ја освестите подсвеста, таа ќе управува со вашиот живот, а вие тоа ќе го нарекувате судбина.“

Овие зборови носат силна симболика. Според Јунг, судбината не е надворешна сила што дејствува независно од нас, туку одраз на нашата несвесна психа. Потсвеста, преку автоматизирани реакции, навики и модели на однесување, ги обликува нашите постапки и нивните последици. Ако не станеме свесни за овие внатрешни процеси, лесно е да веруваме дека нашите постапки и настани се „предодредени“ или резултат на судбината.

Моќта на навиката и несвесното

Јунг често истакнувал дека нашите навики се како семе: она што го сееме во нашата потсвест, подоцна никнува во реалниот живот. Една стара поговорка го сумира тоа: „Кој сее навика, жнее судбина“.

Да се освести нашата потсвест значи да се разберат длабочините на нашата сопствена психа – нашите мисли, емоции и внатрешни конфликти. Тоа е процес на интроспективен и духовен раст, кој ни овозможува да ја преземеме контролата врз сопствениот живот. Кога ги осветлуваме скриените делови од себе, стануваме способни свесно да ги избираме нашите реакции, да ги обликуваме односите и да создаваме живот во согласност со нашите сопствени вредности.

Зошто судбината изгледа несфатлива?

Јунг верувал дека чувството оти судбината ги контролира нашите животи често произлегува од неможноста да ги разбереме сопствените постапки и нивните последици. Тој идентификувал неколку причини зошто судбината изгледа мистериозна:

Недостаток на увид во сопствените мотивации и внатрешни процеси.

Несвесни навики и модели на однесување што ги саботираат нашите цели и среќа.

Феномени и настани што ни изгледаат нелогично или необјасниво, но имаат длабоко влијание врз нашите животи.

Честопати сè што не можеме да го објасниме или предвидиме го нарекуваме „судбина“.

Клучот е во работата на себе

За Јунг, клучот во разбирањето и обликувањето на судбината лежи во работата на себеси. Со развивање на подлабока поврзаност со сопствениот внатрешен свет, прифаќајќи ги и светлите и темните страни на нашата психа, човекот станува архитект на сопствениот живот. Судбината тогаш престанува да биде мистериозна сила и станува одраз на внатрешна хармонија или дисхармонија.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Новогодишната честитка на Северина: „Да вежбам 4 пати неделно, да читам, да патувам…“

Следно

Поднесено обвинение за злоупотреби и измами со набавките во РЕК Битола

Latest from Blog

Во декември: 19.750 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 132 лица за безобзирно управување на возило

Во периодот од 01.12.2025-31.12.2025 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 19.750 издадени платни налози, 4.256

Мурињо е подготвен да се врати во Челзи

Фото: Бенфика Х Фудбалските кругови на островот шират вести кои, доколку се остварат, би можеле да одекнат како бомба. Жозе Мурињо наводно е отворен за враќање на клупата на Челзи. Откако Енцо

17-годишен голф играч од Италија е првата идентификувана жртва во пожарот во Швајцарија

47 лица загинаа, а 115 се повредени во пожар што избувна на новогодишната ноќ во бар во познатиот скијачки центар Кран-Монтана во југозападна Швајцарија. Пожарот во барот „Ле Констелејшн“ избувнал во 1:30

Денеска е Св. свештеномаченик Игнатиј Богоносец

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20 декември. Денеска е Св. свештеномаченик Игнатиј Богоносец. Игнатиј беше ученик на св. апостол Јован. Во времето на Трајан тој беше епископ во Антиохија,

Поднесено обвинение за злоупотреби и измами со набавките во РЕК Битола

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против 8 физички и 1 правно лице за злоупотреби поврзани со постапки за јавни набавки во РЕК Битола. Во текот на 2023
Go toTop