Мурињо е подготвен да се врати во Челзи

January 2, 2026
1 min read
Фото: Бенфика Х

Фудбалските кругови на островот шират вести кои, доколку се остварат, би можеле да одекнат како бомба. Жозе Мурињо наводно е отворен за враќање на клупата на Челзи. Откако Енцо Мареска беше отпуштен поради низа лоши резултати, лондонскиот клуб бара ново решение, а името „Специјалниот“ повторно е во игра.

Иако неговото име моментално не се споменува меѓу официјалните кандидати на Стемфорд Бриџ, извештаите сугерираат дека Мурињо е подготвен да ја напушти клупата на Бенфика без многу размислување и да се врати во Лондон доколку дојде вистинскиот повик.

Мурињо го водеше Челзи во два наврати. Тој првпат пристигна во 2004 година и, во соработка со Роман Абрамович, го врати клубот на врвот на англискиот фудбал по половина век чекање, пред да замине во 2007 година. Неговиот втор мандат започна во 2013 година и заврши во зимата 2015 година по падот на резултатите. Во синиот дел од Лондон, тој освои три титули во Премиер-лигата, ФА Купот, три Лига Купа и Комјунити Шилд.

Португалскиот стручњак ја започна сезоната на клупата на Фенербахче, но брзо беше отпуштен, а потоа ја презеде Бенфика, клубот каде што ја започна својата тренерска кариера. Тој ја изгради својата кариера и во Порто, Интер, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Рома.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

17-годишен голф играч од Италија е првата идентификувана жртва во пожарот во Швајцарија

Следно

Во декември: 19.750 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 132 лица за безобзирно управување на возило

Latest from Blog

САД се стремат кон целосно уривање на Меѓународниот кривичен суд

Администрацијата на Трамп подготви пакет санкции што за прв пат би го вклучил целиот Меѓународен кривичен суд како институција, а не само неговите поединечни судии и обвинители. Два извори запознаени со подготовките

Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, оствари средби со претставници на ФУЕН

Претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, учествуваше на 70. Конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), кој се одржа од 17 до 20 септември 2026 година во Хелсинки, Финска. На

Пантелеон ГС Скопје во Њујорк беше ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Њујорк, 21 септември 2026 – Македонската компанија Пантелеон ГС Скопје беше ко-домаќин на деловна средба на Бизнис советот за меѓународно разбирање (BCIU), одржана во престижниот Yale Club во срцето на Њујорк. Настанот

„Единствена Русија“ на Путун со убедлива победа на изборите

Со пребројани над 71 отсто од гласовите, како што објавуваат руските новински агенции, Единствна Русија освоила 57,5 отсто, Комунистичката партија и Националистичката либерално демократска партија имале 14 и 8,7 отсто од гласовите..
Go toTop