ФФМ ги пушти во продажба билетите за натпреварите со Малта и со Фарски Острови

March 16, 2023
1 min read

Фудбалската федерација на Македонија денес ги пушти во продажба на билетите за првиот натпревар на македонската фудбалска репрезентација против Малта од квалификациите за ЕП 2024 и пријателскиот меч против Фарски Острови.

На 23 март (четврток), македонската репрезентација ги отвора квалификациите за ЕП против Малта на Националаната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Четири дена подоцна, на 27 март (понеделник), во пријателски натпревар во Скопје ќе гостува селекцијата на Фарски Острови.

-Продажбата на билети за натпреварот Македонија – Малта и натпреварот Македонија – Фарски Острови се одвива исклучиво преку продажната мрежа на MkTickets.

Продажбата на билетите ќе се одвива исклучиво со физичко присуство на купувачите. Поради нефункционалност на читачите за билети на Националната арена, за двата натпревари нема да има on-line продажба и електронски билети, објави ФФМ

Цената на билетите за Северна трибина: Блок 13, 14, 18, 19, 20, 21, 23 и 24 е 200 денари;
За Јужна трибина: Блок 1, 2, 5 и 6 е 200 денари, Блок 3 и 4 по цена од 300 денари.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Албанија зголемен бројот на случаи на перење пари

Следно

Северна Македонија пред одлука да ѝ донира 12 хеликоптери на Украина

Latest from Blog

Руски воен хеликоптер навлезе во полскиот воздушен простор, подигнати се борбени авиони

Полска подигна борбени авиони како одговор на инцидентот, додека копнените сили и системите за противвоздушна одбрана останаа во состојба на готовност. Нарушувањето на воздушниот простор се случи во 11:08 часот северно од

Рустемовски блеска на ЕП, има загарантиран медал од континеталниот собир

Македонскиот боксер Ален Рустемовски се пласираше во полуфиналето на Европскоот сениорско првенство во Софија. Нашиот преставник во денешната четвртфинална пресметка беше убедлив и со 4:1 го совлада ерменскиот боксер Артур Бажејан. Со

Бугарија не дозволи влез на над два тона македонско кисело млеко

Бугарските инспекциски служби спречиле влез на пратка од над два тона кисело млеко од Македонија, откако при контролата биле утврдени несовпаѓања меѓу придружната документација и ознаките на производите. Пратката била запрена на
Go toTop