Ракометниот дух на Битола слави 70 години постоење

December 27, 2025
1 min read

Во рамки на одбележувањето на 70-годишниот јубилеј на ракометот во Битола, се одржа јавна трибина под мотото „Нашиот клуб, нашата гордост – предизвици и можности“. Настанот е дел од годишната програма посветена на значајниот јубилеј, а беше организиран во паузата меѓу првиот и вториот дел од натпреварите во Супер лигата и европските купови. Ракометниот клуб „Еурофарм Пелистер“ роденденот го одбележува со повеќе манифестации.

На трибината присуствуваше и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој упати честитка до клубот, ракометарите, навивачката група „Чкембари“ и до сите кои се дел од ракометниот спорт.

„Седумдесет години постоење значи голема историја. Чест ми е и голема одговорност да зборувам пред луѓе кои оставиле длабока трага во ракометот и спортот. За мене Пелистер и Битола се едно – ракометот е спортот кој најмногу го прослави нашиот град“, истакна Коњановски.

За историјата на ракометот во Битола говореше спортскиот хроничар и новинар во пензија, Димче Миновски, кој потсети дека ракометната приказна во градот започнува уште во 1926 година, и тоа со женски ракомет.

„Денес одбележуваме 70 години од постоењето на РК ‘Пелистер’, но ракометот во Битола има уште подлабоки корени. Првите чекори ги направиле женските екипи, а првиот натпревар се одиграл на стадионот под Тумбе кафе. Подоцна следува развојот на големиот ракомет и силниот ‘Пелистер’ на домашната и меѓународната сцена“, нагласи Миновски.

За современиот развој на „Еурофарм Пелистер“ и ракометната платформа на Битола говореше претседателот на клубот, Зоран Стерјов, кој истакна дека историјата е темел за сегашноста и иднината на клубот.

„Битола треба да се гордее со овој клуб и да ја негува неговата традиција. Благодарност до сите кои во изминатите 70 години придонеле ‘Пелистер’ да стане бренд на македонскиот и европскиот ракомет. Обединувањето секогаш носи резултати, а тоа го покажува и нашата ракометна платформа“, рече Стерјов.

Во рамки на одбележувањето на јубилејот, во спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе се одржи свечена академија и ревијален натпревар на ветераните на „Пелистер“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Костовски: ДУИ и ВЛЕН во Бутел гласаа против изградбата и развојот на општината

Следно

Победа на Парма за уште поголем кошмар на Фиорентина

Latest from Blog

Трамп: САД нема да брзаат со признавањето на Сомалиленд, прашањето треба детално да се проучи

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека САД нема брзо да го следат Израел во признавањето на независноста на Сомалиленд, наведувајќи дека прашањето сè уште треба да се „проучи детално“. „Сè е

ВИДЕО Еруптира вулканот Етна

Вулканот Етна на островот Сицилија вчера покажа обновени знаци на активност, исфрлајќи блескав материјал и мали количини пепел од својот североисточен кратер, соопшти италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија (INGV). Пладот

ВЛЕН одржа митинг во Скопје за поддршка на „Самоопределување“ пред косовските избори

Вчера, во просториите на Албанскиот театар во Скопје, коалицијата ВЛЕН организираше масовен митинг во поддршка на движењето „Самоопределување“, во пресрет на парламентарните избори што ќе се одржат на 28 декември во Косово.
Go toTop