Screenshot

Во 21 век во Лерин (Флорина) Македонците можат да свират, но не и да пеат

December 27, 2025
2 mins read

ПРЕСПАНСКАТА СПОГОДБА ВАЖИ САМО ЗА „ВТОРАТА СТРАНА“, ГРЦИЈА НЕ ЈА ПОЧИТУВА

  • Локалните власти во Лерин, на чело со градоначалникот, забранија да се пеат македонски песни: грчката цензура е спротивна на европските и универзалните стандарди за јазични права и воопшто не е во духот на Преспанската спогодба

И годинава на 22 декември во општината Лерин се одржа традиционалниот празник Ден на пожарите, празник со длабоки корени во македонските села, кој секоја година се одбележува со огнови, музика и празнична атмосфера. Овој обичај е дел од нематеријалното културно наследство на регионот и симбол на заедничка радост и традиција. Но се случи инцидент што уште еднаш ја потврди систематската политика на замолчување на македонскиот јазик во јавниот културен живот во Република Грција. Општинските власти, со директна интервенција на градоначалникот, му наложија на оркестарот „Ентопика“ да прекине со изведба на македонски песни веднаш по отпевањето на познатата „Елено, ќерко“. Публиката, составена од локални жители и гости, реагираше со изненадување и негодување, а музичарите – дел од нив од јужна Грција – јавно порачаа: „Музиката нема граници“. Оваа порака, искажана во момент на цензура, доби симболична тежина, таа ја разобличи апсурдноста на забраната и ја истакна универзалната природа на музиката како културен мост меѓу народите.
Овој инцидент не е изолиран случај, туку дел од долгогодишен образец на административни притисоци, локални забрани и практики на самоцензура околу јавната употреба на современиот македонски јазик во северна Грција. Од почетокот на 90-тите години на 20 век, по распадот на Југославија и прогласувањето на независноста на Република Македонија, јавните културни настани во Лерин, Пела и Костур редовно се соочуваат со полициски интервенции, административни ограничувања или социјален притисок. Свој удел во кревањето на општествената температура порано имаа припадниците на неонацистичката партија Златна зора, а сега неонацистите се појавуваат под друго име, но со иста цел.
Документацијата на меѓународните организации е обемна и недвосмислена! Таа потврдува случаи на забрани и заплашувања на организатори што се осмелиле да изведуваат песни на „негрчки јазик“, прекинувања на фестивали и притисоци врз културни клубови да ја модифицираат програмата, ограничувања во образованието и јавниот културен израз на малцинствата, ограничувања на слободата на изразување на малцинствата, со конкретни примери од Лерин.
Случајот од 22 декември 2025 година е само најнова потврда дека локалните власти продолжуваат да ја практикуваат политиката на „тивки танци“ – македонските ора без текст, додека грчките песни се изведуваат слободно и со институционална поддршка. Народот во тој крај вели: „Нам устите не ни се затворени, ами ни се сошиени кога треба да пееме на македонски, но и да зборваме на нашки“.

Инцидентот не е неочекувана непријатна случка, туку е многудецениска пракса и системски приод на Грција што бара интернационализација

Грчката цензура е спротивна на европските и универзалните стандарди за јазични права и, патем, воопшто не е во духот на Преспанската спогодба. Но, она што е уште поважно, ваквите политики на Атина што произведуваат денационализатаорски политики и пракси во Грција, со методи што многу личат на дамнешниот тамошен монархофашистички режим. И доколку Брисел, демократска Европа, САД, па и мноштвото држави во светот немаат информација и не се свесни на кој начин се третира македонското малцинство во Грција и колку таквиот начин и политики на официјална Атина се спротивни на меѓународното право, европските повелби и резолуции, вклучувајќи ја и Организацијата на Обединетите нации, сега е време овој проблем да се интернационализира и аргументирано да се претстави во сите светски центри. Настаните во кои индивидуалните и колективните права на Македонците надвор од матичната држава флагрантно се прегазуваат се регистрирани, а во продолжение, во истата функција, ги издвојуваме меѓународните правила, принципи (повелби, резолуции, конвенции) во кои се кодифицирани, односно систематизирани прописите, правилата што се однесуваат на оваа област.

Целиот текст може да го прочитате на Нова Македонија

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Музичарите од Северна Грција со поддршка за „Банда Ентопика“ по инцидентот во Лерин

Следно

Земјотрес ноќеска ја стресе Македонија, еве каде бил епицентарот

Latest from Blog

Уште една селекторска смена, Сенегал ќе има нов кормилар

Откако не ги исполни резултатските очекувања на овој Мундијал, репрезентацијата на Сенегал природно преживува промени. Раководните структури на Федерацијата одлучија да го сменат досегашниот селектор, Папе Тиао. Сенегал шокирачки во 1/16 финалето

Пресврт по четири децении: АПСЕЊЕ ЗА ЛАДНОКРВНО УБИСТВО НА ФЛОРИДА БЛАГОДАРЕНИЕ НА ЕДЕН ПОВИК

Речиси 40 години откако млада мајка беше претепана до смрт во својот дом, полицијата на Флорида соопшти дека еден телефонски повик ги довел до нов осомничен. Мелиса Елисон (20) беше пронајдена мртва

Сиљановска-Давкова им подари традиционална галичка пафта на младенците на „Галичка свадба“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на „Галичка свадба“, којашто и годинава се одржа под нејзино покровителство. Во духот на вековната традиција, пречекана со домашна нафора и сол од најмладите галичани, претседателката проследи дел

Кога не му оди на Кејн, тука е Белингам…. Аргентина трет меч во елиминациите се „провлекува“….

  Во полуфиналето од тековниот Мундијал имаме супер пресметка помеѓу Англија и Аргентина. Синоќа англичаните под водство на Џуд Белингам успеаа да ја елиминираат Норвешка со 2:1, додека пак Аргентина иако фаворит

Беше исклучително важен сојузник на Украина, го посети Киев во петокот и ПОЧИНА 48 ЧАСА ПО СРЕДБАТА СО ЗЕЛЕНСКИ

Линдзи Греам, долгогодишен американски сенатор и еден од најистакнатите републикански застапници на поддршката за Украина, почина на 71-годишна возраст, само два дена по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев. Според
Go toTop