МАСОВЕН ПРОТЕСТ: Студентите и средношколците утре го искажуваат револтот на улица, обвинуваат дека институциите немаат слух за нивните барања!

March 16, 2023
1 min read

Во петок од 12:30 часот пред Министерството за образование и наука (МОН), Студентски Отпор се приклучува на масовниот протест на студентите и средношколците.

-Крајно време е студентот да се избори за своите права и да го искаже револтот на улица, кога институциите немаат слух по повеќемесечните барања на студентите, велат тие.

Студентите преку соопштение ги искажаа своите барања. Истите ги пренесуваме во продолжение:

Ништо од она што беше ветувано од страна на МОН и Владата не е остварено, односно имаме:

– Нетранспарентно договарање на цената за субвенциониран студентски оброк од 140 денари кога сите знаеме колкава е инфлацијата и дека таа сума е деградирачка;
– Континуирано доцнење на исплатата на студентскиот оброк;
– Неодговарање на апликациите за студентски оброк;
– Доцнење на исплата на стипендиите на студентите;
– Мизерни услови за студирање на факултетите, со прокапани кровови;
– Неисполнети ветувања за реконструкција на студентските домови;
– Труење со храна и мизерен оброк во студентските домови;
– Континуиран одлив на мозоци на високообразовани млади луѓе.

„Доста е од деградирање на студентите и оставање на работ на маргините!

Масовно ќе се приклучиме на протестот заедно со средношколците и подготвени сме правдата да ја бараме со искажување на нашиот став и глас преку масовни студентски демонстрации.

Нема да запреме додека се од горенаведеното не биде исполнето“ – порачаа студентите.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Францускиот Парламент ќе се изјасни за контроверзниот план за пензиски реформи

Следно

Антикорупциска акција во Албанија: Уапсен градоначалникот од партијата на Рама

Latest from Blog

Мицкоски: АР и АНБ ги користеле државните ресурси и ме прислушувале, мислејќи дека на тој начин ќе добијат предност кај нивните налогодавци

2 Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Северна Македонија одговарајќи на новинарско прашање посочи дека во минатото двете агенции, односно Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност ги користеле државните

Средба на Ѓорѓиевски, Стојкоски и Стојаноски со жителите на Ѓорче Петров

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва присуствуваше на средба со жителите на скопската населба Хром, заедно со градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, и

Зои Кравиц случајно ги издрогирала пријателите со чоколадни печурки (ВИДЕО)

Ѕвездите од претстојниот филм „Caught Stealing“ разговараа со „Vanity Fair“ и открија неколку шокантни и смешни анегдоти од нивниот приватен живот. Непоканети гости во фрижидерот Темата се појави кога Батлер ја праша

Најмладата милијардерка на светот ја откри бруталната цена на успехот: Без тоа не може ништо

Таа открива дека основачите на стартапи се принудени да работат до 90 часа неделно за да ги започнат своите бизниси. Нејзината дневна рутина вклучува будење во 5:30 часот наутро, двапати одење во
Go toTop