Истражување: Седата коса е природна заштита против меланом

November 24, 2025
1 min read

Нов научен труд од Универзитетот на Токио посочува дека седата коса може да послужи како вграден одбранбен механизам на телото против меланом – најсмртоносниот облик на рак на кожата, објавува „Далас експрес“ (Dallas Express).

Истражувачите, имено, откриле дека матичните клетки одговорни за пигментацијата на косата имаат критична улога по оштетувањето на ДНК – можат или да созреат во клетки што произведуваат пигмент, коешто на крајот го намалува нивниот број и доведува до сиви влакна, или да останат на место и потенцијално да станат канцерогени. Трудот, предводен од јапонската професорка Еми Нишимура и вонредниот професор Јасуаки Мори, покажува дека исходот зависи од видот на оштетување и хемиските сигнали од околното ткиво.

Кога меланоцитните матични клетки кај глувците биле подложени на сериозно геномско оштетување, како што се двојни прекини на ДНК, тие предизвикале заштитен одговор наречен диференцијација поврзана со стареење, преку патеката п53-п21. Оштетените матични клетки престанале да се обновуваат, се диференцирале во пигментни клетки и на крајот исчезнале. Така се јавила седоста, но и се елиминирала опасноста од рак.

-Истата појава и движење на матични клетки може да следи спротивни патеки – намалување или зголемување, во зависност од видот на стрес и сигналите од микросредината, вели Нишимура.

Наодите, објавени во неодамнешното издание на научното списание „Нејчр“ (Nature), ја претставуваат седата коса како активен механизам против ракот, а не само како деградација. Научниците предупредуваат дека врската не е директно причинска. Самата боја на косата не го одредува ризикот од рак, туку „одлуката на телото да ги жртвува“ пигментните матични клетки го намалува бројот на клетки што би можеле да станат малигни.

Тимот од Токио вели дека резултатите на крајот би можеле да доведат до терапии што безбедно го забавуваат видливото стареење на кожата и косата или ја подобруваат превенцијата од меланом со прецизно регулирање на одговорите на матичните клетки на оштетувањето. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Зголемено нивото на повеќе реки во земјава

Следно

Кремљ: Не сме добиле нова верзија на мировниот план

Latest from Blog

Македонско друштво “Илинден“-Тирана ќе биде домаќин на следниот семинар на работната група на словенските малцинства во Европа при ФУЕН

Македонското друштво “Илинден“- Тирана, до година ќе биде домаќин на семинарот на работната група на словенските малцинства во Европа при Федералната унија на европските националности (ФУЕН). Ова едогласно е одлучено на 28.

Злотворите не можат да избегаат од казна“ – Јанкулоска и Илиевски по писмото од ЕСЧП

Европскиот суд за човекови права денес објави дека отвора сериозни прашања во однос на документираните повреди на правото на правично судење во предметот против мене, за набавката на блиндирано возило за потребите

Министерството за енергетика го подигна надзорот на повисоко ниво со современа технологија

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини воведува современ дигитален систем и специјализиран дрон за надзор и мониторинг на концесиите за минерални суровини, соларна енергија и ветерни инсталации. Новата технологија овозможува прецизно

Градоначалникот Тоневски најави дигитализација и нова локација за даночните услуги

Канцеларијата на Даночното одделение на Општина Пробиштип, која досега се наоѓаше на третиот кат од општинската зграда, од денес функционира на приземје – во првата канцеларија веднаш по главниот влез. Градоначалникот Тони

Манифестацијата за палење на олимпискиот оган за ЗОИ „Милано Кортина 2026“ ќе се одржи во затворен простор

Во затворен простор, во Археолошкиот музеј во античка Олимпија наместо во храмот на божицата Хера, поради лошите временски услови ќе се одржи в среда церемонијата за палење на олимпискиот оган за ЗОИ
Go toTop