Мурињо објасни зошто му побелела косата: Сето тоа е поради еден фудбалер и неговиот менаџер

November 24, 2025
1 min read

Жозе Мурињо преку хумор ја откри причината за неговата седа коса, раскажувајќи посебна приказна од времето кога тренираше фудбалер во неговите поранешни клубови, Реал Мадрид и Челзи.

„Го тренирав Ласана Диара во Реал Мадрид и Челзи. Целата оваа бела коса на мојата глава е поради Ласана и неговиот агент“, рече Мурињо, пред да продолжи:

„Ако игра 90 минути и се снајде добро, неговиот агент доаѓа следниот ден и бара нов договор и поголема плата. Ако е на клупата и не игра, неговиот агент доаѓа во понеделник наутро и бара состанок бидејќи Ласана сака да си замине“, се пошегува Португалецот.

Дијара одигра 96 натпревари под водство на Жозе Мурињо за време на неговиот престој во Челзи, а потоа и во Реал Мадрид, при што имаше пет асистенции.

Поранешниот француски репрезентативец (40) се пензионираше од фудбалот како играч на ПСЖ во 2019 година, а играше и за Марсеј, Локомотив Москва, Арсенал, Анже, Ле Авр, Портсмут…

Тој ја освои Премиер лигата со Челзи, Ла Лига со Реал, а има и две титули во францускиот шампионат.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Поради тридневниот штрајк во Белгија, јавниот превоз е нарушен

Следно

Коњановски со светските градски лидери во Париз: Битола активен партнер во европските иницијативи против антисемитизмот

Latest from Blog

Словенците на референдум го отфрлија законот за асистирана смрт

Против Законот гласале нешто повеќе од 53 отсто од излезените гласачи, а излезноста изнесувала 40,4 проценти, според прелиминарните, но сè уште неофицијални податоци објавени од Државната изборна комисија. Законот беше отфрлен во

Кремљ: Не сме добиле нова верзија на мировниот план

Кремљ тврди дека сè уште не добил ажурирана верзија на мировниот план по разговорите меѓу американските и украинските претставници одржани за време на викендот во Женева. Портпаролот Дмитриј Песков утрово изјави дека

Зголемено нивото на повеќе реки во земјава

Зголемено ниво на водата денеска има реката Вардар, особено кај Јегуновце и кај Демир Капија. Исто така, реката Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Катлановска Бања, Црна Река кај Новаци и Сатеска
Go toTop