Милошоски ќе учествува на 4. парламентарен самит на Меѓународната кримска платформа

November 21, 2025
1 min read

Потпретседателот на Собранието на Македонија, Антонијо Милошоски ќе учествува на Четвртиот парламентарен самит на Меѓународната кримска платформа, што ќе се одржи на 23-24 ноември 2025 година во Стокхолм, Кралство Шведска во Стокхолм, Кралството Шведска.

Во составот на Делегацијата е и Бобан Стојаноски заменик-генерален секретар на Собранието.

Самитот е во коорганизација на Руслан Стефанчук, претседател на Врховната Рада на Украина и Андреас Норлен, Претседател на Парламентот на Kралството Шведска.

На Самитот ќе учествуваат над 20 претседатели на парламенти,10 потпретседатели на парламенти и претседатели на парламентарни собранија.

Инаугуративниот самит на Кримската платформа се одржа во Киев на 23 август 2021 година на ниво на шефови на држави и влади. Првиот Самит на Парламентарната димензија на Кримската платформа се одржа во 2022 година во Загреб, Република Хрватска, Вториот Самит се одржа во 2023 година во Прага, Чешка Република а Третиот парламентарен самит се одржа во 2024 година во Рига, Летонија.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Акција на Општина Прилеп: Проданоски со увид на работите во речното корито

Следно

„Златна крв“: Крвна група што ја имааат помалку од 50 луѓе во светот

Latest from Blog

Видео: Кејт Хадсон во провокативно, но елегантно сино издание на црвениот тепих

 Киноприкажувањето пред официјалната премиера се случи синоќа, објави порталот „Џаст-џејрд“. Хадсон ја глуми Клер Сардин во претстојната драма, па на црвениот тепих се појави во исклучително елегантен, син проѕирен фустан со длабоко

Научна студија: Движењето на магма под морското дно ја предизвикало интензивна сеизмичка активност кај грчкиот остров Санторини

Сеизмичката активноста на почетокот на годинава во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос била предизвикана од огромна магматска интрузија, односно вертикален слој магма, што се ширела во бранови на повеќе од

Зеленски разговараше за американскиот мировен план со европските лидери

Денес, украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараше по телефон со францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц и британскиот премиер Кир Стармер за нацрт-верзијата на новиот мировен план на САД за прекин
Go toTop