Ѓорѓиевски изрази благодарност за масовната поддршка во првиот круг

October 20, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, по резултатите од првиот изборен круг се заблагодари на граѓаните за, како што рече, огромната поддршка и доверба што ја добил.

„Од дното на моето срце ви благодарам за секој глас, за секој разговор, за секоја подадена рака и за огромната доверба што ми ја дадовте во првиот круг од овие избори. Резултатот е јасен – Скопје гласаше за работа, за визија и за конкретни проекти,“ изјави Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека победата во првиот круг не е лична, туку „победа на сите кои веруваат во развиено, европско и функционално Скопје“.

 

„Пред нас е втор круг. Првото полувреме го добивме убедливо, но натпреварот сè уште не е завршен. Победата мора да ја потврдиме и да ја направиме уште поголема,“ рече Ѓорѓиевски, додавајќи дека од денес продолжува кампањата со „уште посилно темпо“.

Тој порача дека во наредните две недели ќе биде присутен „во секое маало, на секоја улица и во секој дом“, со цел да разговара со граѓаните и да ја претстави програмата за подобро Скопје.

„Вратата на нашата коалиција е отворена за сите. Сакам да понудам соработка со сите кандидати и политички структури кои не влегуваат во вториот круг, затоа што на Скопје му треба работа, не политика,“ истакна Ѓорѓиевски.

Тој ги повика сите граѓани во вториот круг да излезат уште помасовно и да ја потврдат, како што рече, волјата на мнозинството.

„Ова е битка за развиено и функционално Скопје. Да ја добиеме заедно!“, порача Орце Ѓорѓиевски, завршувајќи со мотото на кампањата – Најдоброто Допрва Доаѓа.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Крај на пријателството: Тејлор Свифт и Блејк Лајвли не зборуваат по скандалот

Следно

Рудниците во САД се отвораат, глобалните цени на бакар растат, македонскиот потенцијал засега неискористен

Latest from Blog

Мацут: Работиме на проект за брза железница помеѓу Белград и Ниш, и во Скопје брзо работат на модернизација железницата

„Од македонска страна постои големо разбирање за ова, а неодамна во разговорите со македонскиот премиер Мицкоски во Македонија, имав можност да ги разберам нивните намери брзо да работат на железницата, всушност на

Ивор Мицковски: Со киднапираната СДСМ и неспособната за доминација Левица – ние немаме опозиција

Во политиката не си ја одредуваш самиот вредноста и успехот, базирано на сопствените очекувања или потреби. Вредноста ти ја одредува електоратот и противникот, како и се разбира објективните, фактичките и онтолошките реалитети,

Во Србија во 2024 година, 37.000 жители помалку од претходната, природниот прираст останал негативен

Во 2024 година, Србија имала 6,59 милиони жители, што е за околу 37.000 помалку од претходната година, додека просечната возраст на населението достигнала 44 години, а очекуваниот животен век бил 78,4 години
Go toTop