Ова го има само во Кина: Железничка станица среде станбена зграда (Видео)

October 10, 2025
1 min read

Станицата „Лизиба“ во Чонгкинг, Кина, е веројатно единствената железничка станица во светот сместена сред станбена зграда. И тоа, таа се наоѓа меѓу шестиот и осмиот кат на 19-катната зграда – и, според многумина, навистина е неверојатно да се гледаат возовите како минуваат низ „утробата“ на облакодерот.

Можеби ќе ве интересира: Кина гради џиновски ветерни турбини отпорни на тајфуни

Возот бил планиран кога самата зграда била изградена. Шините, притоа, биле провлекувани низ постоечкиот облакодер, иако често се верува дека е поинаку. И, неверојатно, но вистинито – жителите речиси и да не слушаат бучава благодарение на одличната изолација. Станицата Лизиба е омилена атракција во Чонгкинг, а покрај гледањето на возовите или самото возење во нив, посетителите доаѓаат во туристичкиот центар и заради изложби, прочетки, сувенири.

Сместен во планините на југозападна Кина, кинескиот град Чонгкинг – поради својата посебна географска местоположба, немал простор да расте никаде освен нагоре, што и резултирало со неговата чудна архитектура. Обичното урбанистичко планирање не било можно, па градот прераснал во повеќеслоен лавиринт. За туристите, па дури и за некои тамошни жители (од 32 милиони кои живеат таму), истражувањето на Чонгкинг и лутањето по неговите улици се најголемите знаменитости.  

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Лабудовиќ: Секој центарец ќе добие свое паркинг место, планираме реконструкција на улиците и изградба на повеќе монтажни гаражи

Следно

Фото: Легендарниот Џејмс Бонд има нов имиџ

Latest from Blog

Пратеничката Василевска на Меѓународниот парламент за толеранција и мир во Чад

Пратеничката Иванка Василевска присуствуваше на 13. Пленарна сесија на Меѓународниот парламент за толеранција и мир, која се одржа во Нџамена, Чад, во организација на Националното собрание на Чад. Настанот собра парламентарни лидери,

Мицкоски: СДСМ и ДУИ сè уште не извлекле поука од катастрофата што им се случи на минатите избори

Пред големиот број граѓани на народниот митинг во Валандово се обрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски. Тој посочи дека политичките противници, СДСМ и ДУИ, сè уште не извлекле поука од

Заедница каде што бракот не постои: Жените се наследнички и чувари на домот, а љубовните врски се засноваат на слободен избор и меѓусебно почитување

Во свет каде што патријархалните структури и воспоставените општествени обрасци се речиси насекаде, постои заедница која со векови ги побива правилата. На бреговите на кристално чистото езеро Лугу, на границата на кинеските
Go toTop