Лабудовиќ: Секој центарец ќе добие свое паркинг место, планираме реконструкција на улиците и изградба на повеќе монтажни гаражи

October 10, 2025
3 mins read

-Искрен да бидам, приоритет ми се граѓаните кои што живеат во Центар. Секој центарец да има свое паркинг место. Планираме изградба на повеќе катни гаражи, едната е во Буњаковец каде што тој паркинг би бил со наплата за секој што доаѓа во тој дел од градот а сервисно станбените улици што се низ Буњаковец би биле резидентни и би биле исклучиво за граѓаните на Центар. Планираме монтажна гаража карши новата Железничка станица, каде што би се релаксирал тој дел и дополнително разгледуваме опции, тоа е едната опција во Капиштец каде што би имало дополнително монтажна гаража. Би се зголемил капацитетот и би се релаксирал тој дел, истакна Лабудовиќ во НАТКАСТ со Љупчо Цветановски.

Лабудовиќ ветува изградба на нова општинска зграда со подземни три паркинг нивоа кои што би го олесниле паркирањето во делот на Дебар Маало.

-Во однос на Дебар маало, долго време е планирана во изминатиот период е планирана нова општинска зграда, бидејќи искрено таму луѓето работаат во услови, во бараки што се од 63та година после земјотресот. Пред се треба да се обезбедат услови за вработените ако сакаме да испорачуваат квалитет, да не бидат фрустрирани и тоа каде што работаат. Планирано е под општината да има паркинг на три нивоа од прилика 30 паркинг места , и тој проект мора да се реализира за тој дел и сите улици сервисно стамбени да бидат за граѓаните како резидентни со можност некаде и комбинирани во одреден период од денот, а новодојдените од надвор од Центар да се паркираат во таа грараша, и дополнително планирана Михаил Цоков, тоа е коцката улица пред општината и паркингот карши Фонтана да биде ослободена за паркирање, да биде исклучиво пешачка зона со еден убав плоштад, тој кварт кај што е кај Боемска да се ослободи за движење, појасни тој и додаде:

„Сите улици што се во надлежност на општината, проблем е тоа смирувањ ена соиобраќајот ќе го ограничиме на 30км/ч со поставување на тие смирувачи, не класични легнати полицајци каде што би се оштетили возилото, би го искористиле тој концепт на повеќе улици каде што планираме на реконструкција на дел од нив. Кога зборуваме за реконструкција на улици, не зборувам само за гребење на асвалт и поставување на нов туку комплетна реконструкција“.

Лабудовиќ не сакаше да ги коментира своите противкандидати, притоа осврнувајќи се на својата програма и визија, но без да направи исклучок дека од она што било ветено ништо не било реализирано, притоа потенцирајќи дека центарци не заоравиле што им било ветувано.

-Не би коментирал за моите противкандидати, сите имаат свои квалитети, ниту па за актуелниот градооначалник не би коментирал бидејќи граѓаните на Центар го гледаат сето тоа што претходно било ветено и не е исполнето и сега повторно се ветуваат истите работи како да сме заборавиле претходно што е ветено, меѓутоа не би сакал да коментирам, рече Лабудовиќ.

Со центарци ја делиме истата визија и граѓаните се желни за промени, вели Лабудовиќ.

-Во однос на себе, целото искуство што го имам стекнато низ годините, тимот кој што е заедно со мене, со кој што ја гледаме таа визија за тоа каков Центар треба да биде и кога разговараме со центарци истата визија ја делиме. Програмата која ја имаме конципирано, реална, центарска, урбана програма кај што се осврнуваме и на безбедност, и на хигиена, и најповеќе за млади бидејќи младите ни се приоритет во нашата визија, затоа што од кај нив доаѓаат тие сегашни прогресивни идеи и ќе бидат влучени комплетно во процесот на раководење на општината, потенцираше кандидатот за Центар на Коалицијата „Твоја Македонија“ во интервјуто со Љупчо Цветановски.

Центарци се желни за промена и коментарот, дека на нас ни треба чиста и безбедна општина, затоа што не гледаат ниту чиста, ниту безбедна општина, ниту пак гледаат општина во која владее ред, вели Лабудовиќ.

Центар е подготвен за промени, имаме одличен прием од страна на граѓаните а тоа ни дава голем мотив и кураж, вели Лабудовиќ.

-Имам многу убави разговори со граѓаните, на секој треба да му се укаже прилика да го каже своето мислење, имаме трпение како тим, со сите разговараме. Многу ми е драго што се пречекани со насмевка, тоа ни дава многу голем мотив и кураж и ветерот во грб е многу важен во овој не толку долг процес, меѓутоа процес каде што треба секоја куќа да се посети, а не се малку, секоја рака треба да се поздрави, со секого да се направи муабет, тоа се многу енергии и драго ми е што сета таа е позитивна енергија и ни дава сериозен ветер во грб, истакна кандидатот за градоначалник за оопштина Центар..

Лабудовиќ вели дека очекува победа затоа што според него расположението е такво и кај граѓаните, а тие сакаат промени.

 

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓорѓиевски: Жителите на Расадник наскоро ќе добијат современа поликлиника

Следно

Ова го има само во Кина: Железничка станица среде станбена зграда (Видео)

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop