Првата подземна сообраќајница во Македонија – проектот на Ѓорѓиевски за модерно Скопје

October 9, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска во центарот на градот го најави еден од најголемите инфраструктурни проекти – изградбата на првата подземна сообраќајница под комплексот „Лимак“, како дел од првата фаза на булевар „Македонија“.

„Овој проект не е само дел од мојата програма, туку вистински пресврт за централното градско подрачје. Се работи за клучен проект што ќе го растовари метежот во центарот на Скопје,“ изјави Ѓорѓиевски.

Новата подземна сообраќајница ќе има шест ленти – четири за двосмерен автомобилски сообраќај и две за автобуси, со дополнителни тротоари за пешаци. Според него, ова решение ќе овозможи непречено одвивање на сообраќајот и значително растоварување на центарот на градот.

Проектот предвидува и изградба на нов кружен тек кај „Нова Македонија“, како и уште два кружни тека кај булевар „Кочо Рацин“ и улица „Железничка“. Ѓорѓиевски најави дека овие решенија ќе донесат побезбеден проток и „паметни сообраќајни решенија според европските стандарди“.

Тој истакна дека во рамките на истиот проект ќе се работи и на трансформација на улицата „Даме Груев“ во булевар, со што, како што рече, ќе се постигне целосно ослободување од метежот во центарот.

„Иако постојат предизвици со зградата на ‘Макотекс’, имаме јасен план за правно и техничко решение,“ рече Ѓорѓиевски, додавајќи дека централното градско подрачје ќе добие современ, урбан и проточен изглед.

Во однос на проблемот со паркирањето, тој најави изградба на катна гаража од европски тип во Буњаковец, како и поставување монтажни паркинзи во Капиштец и Под Кале.

„Со овие решенија значително ќе го подобриме квалитетот на живот во градот и ќе овозможиме поудобен пристап до паркинг за скопјани,“ порача Ѓорѓиевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Нобеловиот комитет во понеделникот го одржа последниот состанок пред објавата на добитникот на наградата за мир

Следно

Џенифер Анистон за мајчинството: Се обидувам да станам мајка веќе 20 години

Latest from Blog

Меџити го предизвикува Бујар Османи: Земи кого сакаш, Али Ахмети, Артан Груби, ПР агенциите и дојди на телевизиски дуел (ВИДЕО)

На митингот на коалицијата ВЛЕН за локалните избори во општина Арачиново, еден од лидерите на коалицијата и кандидат за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, одговори на изјавите на неговиот противкандидат Бујар

Бен Афлек ѝ го украде шоути на Џеј Ло- зборува шпански подобро од поранешната сопруга (ВИДЕО)

Оскаровецот, кој е и продуцент на филмот, воодушеви со неговата двојазична изведба, а видеото за миг се прошири на социјалните мрежи. Честитки за поранешната сопруга На црвениот тепих, 53-годишниот актер отворено зборуваше
Go toTop