Тони Тоневски: „Ќе создадеме услови младите да останат и да ја градат својата иднина во Пробиштип“

October 9, 2025
1 min read

Мерки кои ќе обезбедат нови работни места, можности за домување за младите брачни парови и подобар квалитет на живот се во фокусот на програмата на кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ за градоначалник на Пробиштип, Тони Тоневски. Во неговото интервју објавено во порталот „Булевар“ Тоневски објаснува дека проблемот со иселувањето на младите сè појасно се чувствува и во Пробиштип, и затоа ќе работи на забавување на овој тренд и создавање услови младите да останат, да се развиваат и да ја градат својата иднина во родниот град.

„Мојата цел е да преземеме најитни мерки за да пружиме можности и промениме овој немил тренд. Ќе воспоставиме соработка со поголемите компании за да им овозможиме сигурни работни места на најдобрите ученици и дипломци. Еден од моите први приоритети е донесување на нов Генерален урбанистички план. Со него ќе отвориме можности за нови градежни парцели за семејни куќи и за развој на индустриска зона која ќе биде насочена кон незагадувачка индустрија,“ вели Тоневски.

Паралелно, ќе се изработи Водич за инвеститори, со кој транспарентно ќе се прикажат сите локални можности за вложување, со цел привлекување нови компании и отворање нови работни места.

 

Според него, голем дел од младите не заминуваат поради желба, туку поради недостаток на работа или неможност да изградат сопствен дом.

За младите кои сакаат да започнат сопствен бизнис, ќе се овозможи бесплатен канцелариски простор и административна поддршка, со што ќе се стимулира претприемништвото и ќе се овозможи младешката енергија да се насочи кон локален развој. Паралелно со економските мерки, се планира и подобрување на условите за домување. Нов Генерален урбанистички план треба да отвори нови градежни парцели за семејни куќи, а младите до 35 години ќе добијат субвенционирање на комуналниот надомест и бесплатни типски проекти за куќи.

„Тоа ќе биде големо олеснување за секој кој сака да остане во Пробиштип и да изгради свој дом,“ вели Тоневски.

За да се подобри квалитетот на животот, најавени се инвестиции во спортската и културната инфраструктура. Ќе се реконструираат повеќе игралишта и спортски сали, а ќе се изгради и ново одбојкарско игралиште, спорт кој традиционално има силна база во Пробиштип. Најголем дел од општинските услуги ќе се дигитализираат, што ќе овозможи побрза и поефикасна комуникација со граѓаните и зголемена транспарентност.

„Луѓето не бараат многу – бараат достоинствена работа, можност за сопствен дом и средина во која нивните деца ќе растат со перспектива. Ако тоа го обезбедиме, нема да има потреба да заминуваат,“ заклучува Тоневски.

Целта на најавените мерки е Пробиштип да стане средина во која младите ќе останат, ќе се развиваат и ќе придонесуваат кон заедницата, наместо да ја бараат својата иднина надвор од градот или земјата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Коњановски: Битола е градилиште, но и пример за модерна урбана трансформација

Следно

ВЛЕН тврди дека ДУИ злоупотреби семеен конфликт за политички поени

Latest from Blog

Општина Битола: Стадионот „Петар Милошевски“ повторно со голем фудбалски настан

По само еден месец, стадионот „Петар Милошевски“ во Битола повторно ќе биде домаќин на значаен фудбалски натпревар. Репрезентацијата на Македонија до 21 година утре, на 10 октомври 2025 година, ќе ја пречека

МФ: Измените на Законот за ДДВ ќе донесат повеќе средства за локалните компании

9 октомври 2025 година, Скопје- Со цел зајакнување на домашната економија, поддршка на локалните компании и создавање нови работни места, Владата усвои измени и дополнувања на Законот за данок на додадена вредност, со

Обвинителството откри детали: Нова истрага за злоупотреби во РЕК Битола

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осум физички и едно правно лице за продолжени кривични дела поврзани со јавни набавки во РЕК Битола. Со предистражните дејствија кои
Go toTop