Кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, Дејан Проданоски, оствари средба со дуќанџиите, угостителите, златарите и трговците од старата прилепска чаршија, нагласувајќи дека токму тие се вистинското срце на градот.

„Секојдневно го одржуваат духот на нашата стара прилепска чаршија. Со својата работа и посветеност го чуваат идентитетот и традицијата на Прилеп,“ изјави Проданоски, додавајќи дека чаршијата е местото кое ги спојува сите генерации и го потсетува секој посетител на духот на градот под Марковите кули.

Во својата изјава тој ја претстави визијата за возобновување на старата чаршија како симбол на економски и културен живот во градот. Планот предвидува поддршка за малите бизниси, подобрување на инфраструктурата, уредување на јавниот простор и обезбедување чиста и безбедна околина.
„Нашата визија е чаршијата повторно да стане гордост на градот – место полно со живот, движење и автентична енергија,“ нагласи Проданоски.
Тој додаде дека ќе продолжи да биде блиску до граѓаните, со искрени разговори и конкретни решенија за подобар Прилеп.
„Ќе бидеме со народот, меѓу народот – затоа што само така се создава вистинска доверба и напредок,“ порача Проданоски.