Средба на Ѓорѓиевски, Стојкоски и Стојаноски со жителите на Ѓорче Петров

September 1, 2025
1 min read

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва присуствуваше на средба со жителите на скопската населба Хром, заедно со градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, и пратеникот Бојан Стојаноски.

На средбата беа претставени новите проекти што треба да го збогатат овој дел од општината – спортски центар, современ терен со вештачка трева, фитнес зона и детско игралиште.

„Со големо задоволство ги слушнавме нивните идеи и предлози. Масовноста и искрената поддршка што ја добиваме на секоја средба ни даваат дополнителна сила и мотив да продолжиме уште посилно со работа. За Ѓорче, за Скопје!“, изјави Ѓорѓиевски, кој им се заблагодари на граѓаните за, како што рече, топлиот прием и довербата.

 

Настанот беше дел од серијата средби со жители на различни делови од главниот град.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

MARKETING

MARKETING

Претходно

Зои Кравиц случајно ги издрогирала пријателите со чоколадни печурки (ВИДЕО)

Следно

Мицкоски: АР и АНБ ги користеле државните ресурси и ме прислушувале, мислејќи дека на тој начин ќе добијат предност кај нивните налогодавци

Latest from Blog

Кејт Бланшет на црвениот тепих во Венеција ги освои сите во фустан со крилја (ФОТО)

Со својот уникатен изглед, добитничката на Оскар ги привлече сите погледи во црна тоалета со обемна здолниште направена од слоеви темно сиви пердуви, кои буквално оживеаа на црвениот тепих, потсетувајќи на птица

Маж спуштил камера на длабочина од 150 метри во океан- од темнината излегло ретко и опасно суштество (ВИДЕО)

Во последниве години, благодарение на напредокот во технологијата, светот имаше можност да се сретне и да ги види чуварите на длабочините, но најновите снимки секако се доказ дека морето сè уште крие

Босанка ги налути Турците- игра жежок танц на шипка со знамето, ѝ се закануваат 5 години затвор (ВИДЕО)

Видеото што го објави на својот профил „Blittem“ брзо стана вирално, па дури и „Њујорк пост“ објави дека се соочува со затворска казна до пет години за „танцување на знамето“. Иако таа
Go toTop