Средба на Ѓорѓиевски, Стојкоски и Стојаноски со жителите на Ѓорче Петров

September 1, 2025
1 min read

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва присуствуваше на средба со жителите на скопската населба Хром, заедно со градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, и пратеникот Бојан Стојаноски.

На средбата беа претставени новите проекти што треба да го збогатат овој дел од општината – спортски центар, современ терен со вештачка трева, фитнес зона и детско игралиште.

„Со големо задоволство ги слушнавме нивните идеи и предлози. Масовноста и искрената поддршка што ја добиваме на секоја средба ни даваат дополнителна сила и мотив да продолжиме уште посилно со работа. За Ѓорче, за Скопје!“, изјави Ѓорѓиевски, кој им се заблагодари на граѓаните за, како што рече, топлиот прием и довербата.

 

Настанот беше дел од серијата средби со жители на различни делови од главниот град.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зои Кравиц случајно ги издрогирала пријателите со чоколадни печурки (ВИДЕО)

Следно

Мицкоски: АР и АНБ ги користеле државните ресурси и ме прислушувале, мислејќи дека на тој начин ќе добијат предност кај нивните налогодавци

Latest from Blog

Меџити: Да ја зајакнеме врската со САД и влијанието на албанската дијаспора

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на политичката партија ВЛЕН, Изет Меџити, присуствуваше на Гала-вечерта на Советот за албанско-американски односи во Њујорк, посветена на зајакнувањето на врските меѓу албанската заедница и САД.

Видео-фото: Трамп и Си Џинпинг испратија пораки за подобрување на односите меѓу САД и Кина

Двајцата лидери разговарале за трговијата, технологијата, вештачката интелигенција и стратешкото ривалство меѓу двете најголеми светски економии. Трамп на свечената вечера во Белата куќа оцени дека, и покрај различните политички системи, врските меѓу
Go toTop