ДЕБИТАНСКИОТ ДОЛГОМЕТРАЖЕН ФИЛМ НА ГОЦЕ ЦВЕТАНОВСКИ СО ПРЕМИЕРА ВО АПРИЛ ВО ФЛОРИДА

March 7, 2023
1 min read

Дебитантскиот долгометражен филм „Бизнисот на задоволството“ на режисерот Гоце Цветановски во април ќе биде премиерно прикажан на Меѓународниот филмски фестивал Палм бич во Флорида, САД. Фестивалот важи за еден од најдобрите 25 фестивали за независен филм во светот.

Организаторите на фестивалот велат дека нивната мисија е откривање и развивање на нови и независни филмаџии на денешницата и иднината, и препознавање на оригинални визионери низ целиот свет.

Режисерот и сценарист на филмот Гоце Цветановски рече дека најголема желба му била светската премиера да биде токму во САД  и смета дека е дестинација што е центарот на филмските случувања на светската мапа.

„Првите чекори секогаш се најважни и можам да кажам дека мојот сон се оствари. Би сакал да и’ честитам на целата екипа за овој успех. Нашиот проект ќе биде прикажан во конкуренција со некои од најдобрите независни филмови во САД и во светот“, вели Цветановски. Тој претходно работеше на серијалот „Светот на Биби“, а изминатите години работи и на првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“.

„Бизнисот на задоволството“ е трилер кој ја обработува темата за трговија со жени. Филмот претходно во македонската јавност беше промовиран со работниот наслов „Денот на Жената“, а по учеството на „American Film Market“ во Лос Анџелес и договорот за дистрибуција со американската компанија „Принц филмс“ филмот беше преименуван. Од продукцијата сметаат дека новиот наслов е попровокативен и подобро ќе го претстави ова дело пред публиката.

Во филмот играат:  Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска.

Директор на фотографијата е Фејми Даут, за кого ова е прв игран филм по работата на документарецот „Медена земја“, кој имаше две номинации за Оскар.

Филмот е во продукција на „Македонска крепост“, а е поддржан со 23 милиони денари (околу 380 илјади евра) од Агенцијата за филм на конкурсот во 2019 во вториот рок на одлучување.

ИЗВОР: sdk.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Одбиено барањето на одбраната на сопственикот на „ДоказМ“ за изземање на скопското ОЈО

Следно

Кривична пријава за 49-годишен скопјанец поради коментар на Фејсбук

Latest from Blog

Активистка ја истражувала корупцијата во Еквадор, ја убиле- министерот тврди дека самата се задушила

Моника Силва Кониушек (41) била пронајдена мртва во својот дом на 8 јуни, и иако властите првично тврделе дека станува збор за самоубиство, обдукцијата покажала дека причина за смртта била удар во

Суд во Стразбур: Аболицијата на Ѓорге Иванов била незаконска

Судот за човекови права во Стразбур смета дека незаконска била аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, а која се однесуваше на лицата кои ги сомничеше поранешното Специјално јавно обвинителство… Според одлуката која

Клоп си побара и си доби аргентински дрес!(ВИДЕО)

ФОТО: Јurgen Klopp/X Јирген Клоп, познатиот фудбалски тренер, работи на Светското првенство како стручен консултант за германска телевизија во тандем со Томас Милер. Тој го гледаше натпреварот помеѓу Аргентина и Австрија во

Трамп тврди дека Иран се согласил на најстроги нуклеарни инспекции- Техеран негира

САД, по првите разговори како дел од новиот мировен договор, ги укинаа санкциите врз Иран за 60 дена во понеделник, објави Ројтерс. Трамп инсистираше на договорот во објава на социјалните мрежи. „Иран
Go toTop