Одбиено барањето на одбраната на сопственикот на „ДоказМ“ за изземање на скопското ОЈО

March 7, 2023
1 min read

Вишото јавно обвинителство го одби барањето на одбраната за изземање на сите обвинители од скопското Јавно обвинителство поради можноста да се јават како оштетени во постапката што се води против обвинетиот Марјан Стаменковски, кој се товари дека преку веб порталот во негова сопственост „ДоказМ“, како средство за извршување, сторил повеќе кривични дела.

Како што потврдија од ОЈО за МИА, барањето е одбиено, а застапник на обвинението останува обвинителката Зорица Павловиќ од скопското Обвинителство.

Денешното насрочено рочиште е одложено за 10 март, токму поради ова барање за кое Судот одлучи да чека на одлуката на Вишото јавно обвинителство.

На почетокот на првото насроченото рочиште денеска јавната обвинителка Зорица Павловиќ предложи до Судот јавноста да биде исклучи од отворањето до крајот на главната расправа, бидејќи, како што рече, „се работи за кривични дела против моралот, а исклучувањето на јавноста е потребно заради заштита на приватниот живот на оштетените и сведоците“. Судот го прифати овој предлог и донесе решение за исклучување на јавноста.

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка поднесе обвинителен предлог против Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „ДоказМ“, кој се товари дека преку веб порталот во негова сопственост, како средство за извршување, сторил кривични дела „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, „уцена“, „пиратерија на аудиовизуелно дело“ и „злоупотреба на лични податоци“.

Предметот беше оформен по поднесени кривични пријави против обвинетиот од повеќе жртви во текот на 2022 и почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на неговиот веб портал. Меѓу пријавите има и две новинарки од неделникот „Фокус“ и од еден владика.

На денешното рочиште беа присутни оштетените Валентина Вурмо, Ирена Мулачка, Александра Милчевска, Марина Јовановска, Блерим Рамадани и Роберт Петров. Вурмо и Мулачка, по одложувањето на процесот, во изјава за медиуми рекоа дека очекуваат дека правдата ќе биде задоволена.

Процесот го води судијката Марија Клетничка Марковска, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Зорица Павловиќ.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сестрата на Ким Џонг-ун повторно им се заканува на САД: Подготвени сме за акција од големи размери

Следно

ДЕБИТАНСКИОТ ДОЛГОМЕТРАЖЕН ФИЛМ НА ГОЦЕ ЦВЕТАНОВСКИ СО ПРЕМИЕРА ВО АПРИЛ ВО ФЛОРИДА

Latest from Blog

Бренан Џонсон прифати: Велшанецот од Тотенхем оди во Кристал Палас

фото: Spurs Zone (X) Фудбалерот од средниот ред на Тотенхем, Бренан Џонсон, се согласил на трансфер во Кристал Палас, потврди инсајдерот, Фабрицио Романо. Клубовите претходно се согласија за трансферот на велшкиот репрезентативец

Швајцарија: 22 тешко повредени на возраст меѓу 16 и 26 години

Најмалку 22 лица кои претрпеле сериозни повреди во пожарот се на возраст меѓу 16 и 26 години, покажуваат извештаите. Според директорката на Универзитетската болница во Лозана, Клер Шарме, која разговараше со швајцарскиот

Мицкоски утре на отворање на нова детска градинка во Кочани

Утре 02.01.2026 година (петок) во 12:00 часот, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на отворање на нова детска градинка во Кочани. Објектот „Детелинки“, во состав на јавната општинска

Коњановски се сретна со планинарите на „Први на Први“ на Пелистер

Настанот „Први на Први“ во организација на ЗПСК „Олимпус Монс“ со поддршка на Oпштина Битола оваа година по 5-ти пат го организираше искачувањето нав врвот „Пелистер“ (2601мнв) на 01.01.2026 година. Секоја година
Go toTop