Сестрата на Ким Џонг-ун повторно им се заканува на САД: Подготвени сме за акција од големи размери

1 min read

Ким Јо-џонг, влијателната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, денеска на државната телевизија изјви дека нејзината земја е подготвена да преземе „брза, голема акција“ против САД и Јужна Кореја во секое време.

-Демонстративните движења на армиите на САД и Јужна Кореја, како и нивната реторика, која е толку избезумена што повеќе не можеме да ја игнорираме, несомнено создаваат услови Северна Кореја да преземе акција против нив, рече Ким Јо-џонг,.

Сестрата на Ким Џонг-ун не прецизираше какви дејствија може да преземе Пјонгјанг.

Со оваа изјава таа реагираше на вчерашните заеднички воени вежби меѓу Вашингтон и Сеул, во кои беше вклучен и американскиот стратешки бомбардер Боинг Б-52.

Во слични ситуации во минатото, Северна Кореја главно реагираше воено, со тестирање на интерконтинентални балистички ракети, кои секогаш завршуваа во водите меѓу Корејскиот Полуостров и Јапонија.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

(ВИДЕО) Воени авиони се судрија кај Рим, еден падна на улица, загинаа и двајцата пилоти

Следно

Одбиено барањето на одбраната на сопственикот на „ДоказМ“ за изземање на скопското ОЈО

Latest from Blog