Разрешен ќе биде началникот на полицијата во Демир Хисар

August 10, 2025
1 min read

Попречување на истрага или спроведување на полициска бруталност и злоупотреба на службена положба – случајот со директорката на средното училиште Маја Лозановска од Демир Хисар предизвика силна реакција во јавноста.

Адвокатот на одбраната, Жарко Стевановски преку објава на социјалните медиуми информираше дека во вторник ќе дадат детални информации за како што вели предизборниот обид за разрешување на директорката… 

Според опозициската партија СДСМ, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја трансформирал полицијата во партиска алатка за заплашување на граѓаните.

Свој став изнесоа и од политичката партија Левица, повикувајќи се на сопствени извори. Тие тврдат дека началникот на ОВР Демир Хисар, Роберт Мартиноски, иако бил вработен во периодот кога СДСМ беше на власт, бил унапреден од ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, Мартиноски претходно бил суспендиран поради сомнеж за барање рекет.

Левица

„Мартиноски е суспендиран во своето работење поради барање рекет, а кога Тошковски доаѓа на чело на МВР, токму овој кадар е поставен за началник на ОВР Демир Хисар! Ова се скандалозните кадровски решенија на Панче Тошковски, кои сега спроведуваат безаконие и се обидуваат противправно да лишат од слобода лица по партиска наредба“, обвинуваат од Левица.

Од Битолското јавно обвинителство и Основниот суд во Битола потврдија дека е издадена наредба за претрес, кој бил и спроведен. Меѓутоа, според нивните наводи, не била издадена наредба за приведување или итен распит на лице.

Основно Јавно Обвинителство

„Основното јавно обвинителство Битола побара од Основниот суд во Битола да се издаде наредба со цел обезбедување предмети поврзани со кривично дело. Судот ја оцени основаноста и го прифати барањето за претрес, по што ОВР Демир Хисар во текот на вчерашниот ден изврши претрес на три локации. За претресите и евентуално пронајдените и одземени предмети сè уште не е доставено официјално писмено известување до обвинителството. Законската процедура за обезбедување наредба за претрес на дом и други простории е целосно испочитувана. Спроведувањето на наредбата е во надлежност на полициските службеници. Основното јавно обвинителство Битола нема издадено наредба за приведување или итен распит на лице во конкретниот случај“, се наведува во соопштението од Обвинителството.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека внатрешната контрола констатирала неетичко и непрофесионално однесување на началникот на Демирхисарската полиција, најавија негово разрешување… 

По инцидентот во Демир Хисар се огласија и правници и експерти од областа на правото, кои остро го осудија однесувањето на полицијата. Тие нагласуваат дека секое постапување надвор од законските рамки мора да биде санкционирано. 

Инаку на социјалните медиуми беше објавено видео од претресот извшрен во семејната куќа на Маја Лозановска, со судска наредба под сомненија за кривично дело „одземање или уништување службен печат или спис“.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Пет земји-членки на Советот за безбедност на ОН се спротивставија на одлуката на Израел да ја окупира Газа

Следно

Албанија ќе доделува 50% грант за земјоделците за механизација и модернизација на работните процеси

Latest from Blog

Силен ракометен турнир ќе се игра во Охрид

Квалитетен меѓународен ракометен турнир со осум екипи од 19 до 23.август ќе се игра во Охрид. Натпреварите ќе се играат во салата во СРЦ „Билјанини извори“, а годинава ќе биде четвртото издание

Вицепремерот Меџити покровител на свечен прием по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Премиерот Христијан Мицкоски, вечева дојде на свечен прием организиран од првиот вице премиер  Изет Меџити по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор. На свеченоста беа присутни и дел од министрите, како

Продолжува пеколниот топлотен бран: Прогноза за Македонија и балканските летувалишта

Жештината не попушта. Најголем дел од Македонија и регионот остануваат под силно сонце, со температури кои се на врвот на живиниот термометар. Ако патувате на море—добро планирајте го возењето. Македонија Скопје: до

125 лица осомничени за подметнување пожари во Албанија, 22 во притвор – Рама најави дека потпалувањето ќе се казнува како убиство

Под сомнение за подметнување пожари во Албанија се осомничени 125 лица, додека 22 се во притвор, изјави Ервин Хоџа, министер за внатрешни работи. Од Грамш, каде состојбата е повеќе од критична тој
Go toTop