Почина новинарката и уредничка на МРТВ, Јулијана Тануровска

August 9, 2025
1 min read

Почина новинарката и уредничка на Сателитскиот канал на МТВ, Јулијана Тануровска. Битката со подмолната болест ја изгуби во 60-тата година од животот.

Своето новинарско искуство како дипломиран новинар го почна во Македонско Радио а потоа продолжи во МТВ. Ќе остане запаметена како новинарка која обработува теми од образованието а подоцна и теми од областа на црквата, верата, религиите.

Погребот ќе се одржи утре (недела) на градските гробишта Бутел.

Социјалните мрежи се преполни со написи за Тануровска, која покрај со професионалниот однос кон темите што ги обработуваше, остави трајни траги и во односот со колегите. Секогаш расположена да помогне и да побара помош, таа на секој еден проблем му приоѓаше од поведрата страна. Дружељубива, пријателски расположена и позитивна, таква ќе ја паметат сите што ја познаваа.

Почивај во мир Јулијана Тануровска!

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Европската енергетска лекција – со хидро, со ветер и со сонце се намалува увозната зависност

Следно

Трамп и Путин ќе се сретнат на 15 август во Аљаска

Latest from Blog

Србија се приклучи на програмата EU4HEALTH, НАЈГОЛЕМАТА ЗДРАВСТВЕНА ПРОГРАМА НА ЕУ

Српскиот министер за здравство Златибор Лончар и европскиот комесар за здравство и безбедност на храна Оливер Вархеји денеска во Брисел го потпишаа документот со кој Србија се приклучи на програмата EU4HEALTH и,

Скандал и злосторство: ДЕЦАТА ОД УКРАИНА ЗГРИЖЕНИ ВО ТУРЦИЈА ПОД ТОРТУРА И СИЛУВАЊА

Украина се соочува со нов скандал поврзан со евакуацијата на деца во Турција, како дел од проектот „Детство без војна“. Операцијата започна во март 2022 година по договор меѓу Елена Зеленски и

Нема струја, нема фудбал! (ВИДЕО)

И тоа го има во Србија. Натпреварот од 18-то коло од Српската Суперлига помеѓу играчите на Раднички и Чукарички беше прекинат во 50-тата минута поради прекин на електричната енергија на стадионот „Чаир“
Go toTop