Сакаа популарност, но завршија во полиција: Автомобил без таблици низ скопските улици за „Тикток“ тренд

August 5, 2025
1 min read

Едниот на автомобилот, другиот танцува со отворена врата, третиот излезен преку прозорец. Автомобилот без регистарски таблички низ скопските улици го управувал 20-годишник кој немал ни возачка дозвола, при што ја загрозувал безбедноста во сообраќајот. Овие млади лица снимале популарен тренд од ТикТок – „Aura Farming“. Наместо популарност, завршија во полициска станица. Од МВР велат дека тинејџерите се идентификувани, поднесени се пријави и се преземаат дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот.

„Во врска со видеото што се споделуваше на социјалните мрежи, Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека веднаш се преземени мерки и активности, лицата се идентификувани, со нив е извршен службен разговор и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.“, вели Гоце Андреевски, портпарол на МВР.

Трендот „Aura Farming“ потекнува од традиционален индонезиски фестивал наречен Pacu Jalur, каде млади момчиња изведуваат перформанс на тркачки чамец со цел да го мотивираат тимот. Во летото 2025 година, видео од Рајан Аркан Диха, 11-годишно момче кое самоуверено и со уникатен стил стои на врвот на чамецот, стана вирално на социјалните мрежи.

Слични предизвици се чести на интернет. Има случаи кога некои од нив завршуваат со скршеници, па дури и со смртни последици.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

МБИ10 во благ раст од 0,15 % – Македонија Турист доминира со над 49 млн. денари промет

Следно

Белгија ја поддржува суспензијата на Израел од европската програма за истражување „Хоризонт Европа“

Latest from Blog

ПРОБИШТИП НЕМА МОРЕ АМА ГИ ИМА ЛЕСНОВО И ПОНИКВА Кандидатот Тоневски гледа голем потенцијал во општината

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ размислува и за развој на мобилна апликација преку која граѓаните ќе добиваат известувања за сè што е важно: прекини на водоснабдување, улично осветлување, тековни проекти, состојби на патишта и

ВМРО-ДПМНЕ: Над 360 лица ќе ја искористат мерката на Владата за пожарникари, се решава недостатокот на кадар за гасење пожари

„Точно 364 лица, од кои 34 во Скопје, ќе ја искористат мерката на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на која ќе се обучуваат теоретски и практично за справување со пожарите во Македонија. Нивниот

Проверете пред да патувате – состојба на границите и патиштата

Врелиот августовски шпиц ги полни сообраќајниците и граничните премини, а секоја вест за затворена лента или нова ограничувачка табла значи предвреме планирање на патот. Од Коридорот 10д до охридската магистрала, летната карта

Српска туристка се удави на Лефкада

Српска туристка (66) се удави во вторник во грчкото одморалиште Нидри на островот Лефкада, објавува порталот „Синидиси“. Откако беше извлечена од водата, таа беше однесена со амбулантно возило во болница во Лефкада,

Кремљ: Подобрувањето на руско-американските односи ќе потрае

Подобрувањето на односите меѓу Русија и САД ќе потрае, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. -Секако, постои моментум во овој процес, рече Песков. „Напорите за враќање на билатералните односи во нормала
Go toTop