УЈП казни и затвори 5 субјекти, утврдени неправилности

August 1, 2025
1 min read

Во периодот од 21 до 27 јули 2025 година, Управата за јавни приходи (УЈП) спроведе вкупно 154 теренски контроли за фискализација, насочени кон различни типови деловни субјекти, меѓу кои: ресторани, кафе барови, слаткарници, колонијали, продавници за облека и накит, месарници, цвеќарници, рибници туристички агенции, хотел и други трговски објекти за продажба на мало.

Контролите беа реализирани низ државата во повеќе градови, меѓу кои и туристичките места каде во летниот период има зголемена фреквенција на туристи. Од 154 контролирани субјекти, кај 34%, односно кај 52 од контролираните се утврдени неправилности согласно Законот за регистрирање на готовински промет.

За утврдените неправилности донесени се 52 прекршочни санкции – глоби, кои ќе бидат одмерени согласно големината на субјектот. Кај пет даночни обврзници, поради повторено неиздавање фискални сметки во рок од две години, изречена е мерка за привремена забрана за вршење дејност. Привремено затворање на објекти е изречено за три субјекти во Охрид, еден во Гостивар и еден во Струга.

Анализата на спроведените контроли и утврдените неправилности по градови е следна:

         •Во Скопје извршени се 43 контроли и при истите утврдени се 9 неправилности;

         •Во Струга, Охрид и Ресен извршени се 64 контроли, а утврдени се 10 неправилности во Струга, Охрид – 14, Ресен – 2 ;

        •Во Прилеп извршени се 5  контроли, a утврдени се 3 неправилности;

        •Во Струмица и Дојран извршени се 12 контроли, а утврдени се 2  неправилности во Дојран

        •Во Тетово, Гостивар и Кичево извршени се 15 контроли, а утврдени се 6 неправилности од кој 4  во Тетово, и по една во Гостивар и Кичево;

        •Во Штип, Македонска Каменица и Берово извршени се 15 контроли и утврдени се по 3  неправилности во Македонска Каменица и во Берово;

Апелираме до сите даночни обврзници да постапуваат совесно и согласно законските прописи, со цел да придонесат кон зајакнување на даночната усогласеност и унапредување на даночната дисциплина во државата.

Управата за јавни приходи врз основа на извршените контроли согласно Закон за регистрирање на готовински плаќања, ќе врши вкрстени проверки со цел да ја провери веродостојноста на искажаните приходи кај даночните обврзници.

Издавањето фискални сметки и користењето мобилни фискални апарати не претставуваат само законска обврска – туку и клучен чекор кон правично, транспарентно и одговорно деловно опкружување.

Управата за јавни приходи останува цврсто посветена на доследна примена на законите и обезбедување еднаков третман за сите даночни обврзници. Почитувањето на законските обврски е заедничка одговорност и темел на одржлив, функционален и фер даночен систем.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Во архитектурата важни се темелите, а во животот – кичмата

Следно

Изет Меџити: Пензионерите не бараат милост, туку достоинство, ние им го вративме!

Latest from Blog

Запленет кокаин во Гевгелија, лишен од слобода дилер, одреден му е притвор

На 01.08.2025 СВР Струмица-ОВР Гевгелија до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против С.М.И.(22) од Гевгелија, поради постоење на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на

СТИВЕН НАЈТ, АВТОР НА СЕРИЈАТА „ПИКИ БЛАЈНДЕРС“ ЌЕ ГО ПИШУВА СЦЕНАРИОТО ЗА НОВИОТ ФИЛМ ЗА ЏЕЈМС БОНД

Стивен Најт, авторот на ТВ-серијата „Пики Блајндерс“ (Peaky Blinders) ќе го пишува сценариото за новиот филм за Џејмс Бонд, соопшти „Амазон МГМ“, новиот сопственик на франшизата. Филмот, кој ќе го режира фрацуско-канадскиот

[Видео] Филипче од Крушево: Илинден е нашиот темел – заедно да ја продолжиме борбата за Македонија!

„Го честитам празникот Илинден од историското и храбро Крушево, од каде што тргна револуцијата, од каде што тргна големата борба, епопејата за слободна, независна држава“, вели во честитката до граѓаните претседателот на

Вучиќ го свика Советот за Безбедност

Српскиот претседател Александар Вучиќ  за денеска без други детали  го свика и  ќе претседава со седницата на Советот за национална безбедност. Седницата ќе се одржи во 12:00 часот во зградата на Генералниот
Go toTop