6 активни пожари во Македонија

July 30, 2025
1 min read

Центарот за кризи информира дека на територијата на Република Северна Македонија моментално се евидентирани вкупно 24 пожари на отворен простор, од кои:

Активни пожари (6 локации):

  1. Општина Василево, Радовиш и Берово – село Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските планини (горе нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација).
  2. Општина Прилеп – село Бешиште, Бешишки Рид (делумно под контрола), со кракови кон с. Градешница (Новаци) и границата со Грција; терен со мешана шума и детонации – нема интервенција.
  3. Општина Прилеп и Кавадарци – помеѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил, Дрен (Прилеп) и Галиште, Трстеник (Кавадарци); опожарена мешана шума и ниска вегетација.
  4. Општина Крушево – Градска депонија кај м.в. Струнга (горење на ѓубре, сува трева и нискостеблеста шума).
  5. Општина Струга – на делницата Струга – Калишта (трска и ниска вегетација).
  6. Општина Штип – меѓу селата Чардаклија и Караорман (ниска вегетација).

Под контрола 2 пожари

  1. Општина Карбинци – село Јунузлија (шумски пожар).
  2. Општина Делчево – Градска депонија Острец (пожар на ѓубре).

Изгаснати

  1. Штип – меѓу с. Драгоево и Селце
  2. Македонски Брод – с. Грешница
  3. Македонски Брод – с. Црешево, Локвица, Крапа
  4. Македонска Каменица – с. Ќосевица
  5. Прилеп – ул. Јоска Јорданоски
  6. Струмица – с. Просениково
  7. Гевгелија – с. Миравци
  8. Радовиш – кај базенот
  9. Валандово – с. Јосифово
  10. Чашка – с. Оморани
  11. Росоман – с. Трстеник
  12. Делчево – с. Звегор
  13. Куманово – с. Градиште
  14. Куманово – н. Баново трло (1)
  15. Куманово – н. Баново трло кај Туш (2)
  16. Боговиње – кај Рио Компани

Надлежните екипи се постојано на терен, а одговорните институции апелираат за внимателност и одговорно однесување во природа поради високите температури и ризикот од нови пожари.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Претседателот на ССМ обвинува дека МИА цензурирала пренос од седница на Економско-социјалниот совет

Следно

Зошто ВМРО-ДПМНЕ да не одговара за креирање на лажни вести: Откако објави фотографија за одредени цели, истата мистериозно исчезна

Latest from Blog

Во архитектурата важни се темелите, а во животот – кичмата

Архитектот и универзитетски професор Мишко Ралев со години беше еден од најартикулираните гласови против градбите што никнаа во рамките на проектот „Скопје 2014“. На јавните трибини зборуваше за „дека на Скопје му

Адвокатот на Додик соопшти дека е потврдена првостепената пресуда против Додик

Горан Бубиќ, адвокат на претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик, изјави дека Апелациониот совет на Судот на Босна и Херцеговина (БиХ) ја потврдил првостепената пресуда против претседателот на РС. Бубиќ за

Десет лица на обука за дозвола за летечки операции со кофинансирање од државата

Десет лица ќе се стекнат со дозвола од областа на летечките операции со обука кофинансирана од државата преку Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ). Уверенијата на 10-те кандидати за пилоти денеска им ги
Go toTop