Македонските футсал репрезентативци славеа над Шведска, добија поддршка од политичари и спортисти

March 5, 2023
1 min read

Македонската футсал репрезентација вечерва ја победи Шведска со 3:1 во 4. коло од Групата-10 во претквалификациите за пласман на Светското првенство во 2024.

Поддршка од трибините Македонија доби од навивачите, но и од политичари и спортисти.

На трибите за Македонија навиваа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, градоначалникот на Гази Баба, Стефковски, како и селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски.

Головите за „црвено-црните“ ги постигнаа Ранготов во 21. и во 26. минута и Леовски во 39. минута. За гостите погоди Диаз во 30. минута.

Со оваа победа Македонците ги задржаа шансите за второто место кое обезбедува бараж за главните квалификации.

На табелата во групата 10 лидер е Италија со 7 бода од три натпревари, Македонија има 4 бода од четири натпревари, Шведска е со 3 бода од три натпревари.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ФОТО) Украинскиот град Маринка целосно срамнет со земја

Следно

Кога „ќе пуштиме“ нова ковид варијанта?

Latest from Blog

„Не треба да се укине „недела неработен ден“, но некои дејности треба да се ослободат“, вели Дурмиши

Не треба да се укине „недела неработен ден“, но некои дејности треба да се ослободат, вели министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Дурмиши, во неделното интервју на Радио Слободна Европа, посочува

Антоновски: Борбата за вистинските вредности продолжува – По патот на Јасмин и Шопов

„Денеска како главен проблем на идејната изградба среде општествените противречности што ја засегаат културата се јавува неопходноста од решителна борба против формализмот, практицизмот и субјективизмот…“ На овие инспиративни зборови на Мито Хаџи

По 24-ти пат е накитена новогодишната елка во водите на Охридското Езеро

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид со поддршка на волонтерите на охридскиот Црвен крст денеска по 24-ти пат ја накитија новогодишната елка во водите на Охридското Езеро. Верни на традицијата, нуркачите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС наместо да продуцира со лаги за Тошковски, нека направи анализа зошто на анкетите губи 5 спрема 1

-СДС наместо да се занимава со измислени теми за Панче Тошковски нека направи анализа зошто губи 5 спрема 1 на анкетите и зошто огромното мнозинство сметаат дека партијата нема никаков капацитет на
Go toTop