Активни четири пожари, три се под контрола, а 15 се изгаснати

July 21, 2025
1 min read

До 08:00 часот изутринава на територијата на државата се евидентирани вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои четири се активни, три се под контрола, а 15 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.

Активни пожари има кај село Нивичино во Општина Василево (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација), кај село Грешница во Општина Македонски Брод (мешана шума и сува трева), помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа во Општина Македонски Брод (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација) и помеѓу селата Царевиќ и Смолан во Општина Приле (сува трева).

Под контрола се пожарите кај с. Желино кон Еребино на планина Жеден (нискостеблеста шума, грмушки и ниска вегетација), кај селата Џидимирци, Крушје и Иванковци во Општина Велес (мешана нискостеблеста деградирана шума) и помеѓу селата Октиси и Белица во Општина Струга (сува трева).

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Инфантино реагираше на расистичките навреди упати кон англиска фудбалерка Картер

Следно

Блокада во Собранието на Косово – денеска 50-ти обид за конституирање

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ ги турна граѓаните во сиромаштија – синдикалната кошничка порасна на 65.328 денари

„Најголем е порастот повторно кај храната и пијалоците. На едно четиричлено семејство во јули му се потребни 23.682 денари за да купи храна. Пеколни податоци ресгистираше и статистиката на почеток на месецот.

Меџити: Бујар Османи живее во дивоградба. Тој нема морален кредибилитет да зборува за Чаир!

„Кога станува збор за бесправната градба во Чаир, на сите веќе им е јасно зошто не зборуваат експонентите на Демократската унија за интеграција. И самиот нивен кандидат за Чаир, поранешниот министер за

Меџити за Ахмети: Нема луѓе за овие локални избори, од 15 општини, 8 ги даде на Алијансите!

Првиот заменик-претседател на Владата и еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, жестоко ја критикуваше Демократската унија за интеграција и нејзиниот лидер Али Ахмети, истакнувајќи дека партијата е во слободен пад

Меџити на Канал 5: Данела Арсовска води националистичка и антиалбанска кампања со помош на Блерим Беџети

Првиот заменик-претседател на Владата и лидер на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, ја обвини градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, дека спроведува намерна националистичка и антиалбанска кампања. Во интервју со новинарот Александар Видиновски
Go toTop