Светлата на историската фонтана Треви во Рим беа изгаснати за Газа

July 19, 2025
1 min read

РИМ (АА) – Светлата на фонтаната Треви (Fontana di Trevi), еден од симболите на Рим, главниот град на Италија, беа изгаснати за Појасот Газа, кој е под израелски напади блокада, известува Анадолу.

Во согласност со одлуката донесена минатиот месец од Градскиот совет на Рим, на повикот „Рим нема да молчи“, светлата на историската фонтана Треви беа изгаснати еден час вчера помеѓу 22:00 и 23:00 часот по локално време со барање да се спроведе прекин на огнот во Газа.

Зборовите „Да ја запреме војната во Газа“ беа проектирани на фасадата на историската Палацо Поли зад фонтаната.

На овој симболичен повик за Газа, група палестински поддржувачи се собраа пред фонтаната со палестински знамиња во рацете во знак на протест против геноцидот што Израел го спроведува во Газа.

Групата како одговор на слоганот „Да ја запреме војната во Газа“ на општина Рим прикажан на фасадата на Палацо Поли, развеа транспарент на кој пишуваше „Не е војна во Газа, туку геноцид“.

Некои членови на групата, извикуваа слогани како „Израел сега на Палестинците им го прави она што нацистичка Германија им го правеше на Евреите во Втората светска војна“, обвинувајќи ги САД и Европската Унија за соучесништво со нивното молчење.

Групата еден период извикуваше слогани како „Слободна Палестина“, „Запрете го геноцидот“ и „Слободна Палестина од реката до морето“.

Овој настан и протест пред Фонтаната Треви го привлече вниманието на туристите кои дошле да ја видат историската градба. Некои посетители беа видени како ја даваат својата поддршка на слоганите извикувани од пропалестинската група.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Утре попладне се очекува нестабилно време со краткотраен пороен дожд и грмежи

Следно

Куртоа го продолжи договорот со Реал Мадрид до 2027 година

Latest from Blog

Изменет сообраќаен режим во наредните четири дена во Скопје кај кањонот Матка-реката Треска

Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните дека поради одржување на Европските младински игри Скопје 2025 во кајак на реката Треска-кањон Матка, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во тој дел

Македонија: Скопје на 42 °C, поладен здив долж Охридското Езеро

Во главниот град термометрите речиси сигурно ќе ја префрлат 40‑ката, со пик од околу 42 °C попладне, што веќе активира црвено предупредување за здравствени ризици и можни прекини во електро‑дистрибуцијата . На југозапад,

На помошникот директор на српската Канцеларија за КиМ одреден притвор од 30 денови на Косово

Притвор од 30 денови му е одреден на помошникот-директор на Канцеларијата на Владата на Србија за Косово и Метохија, Игор Поповиќ, кој беше приведен поради изјавите за ОВК што ги даде при

Алкараз ќе го пропушти турнирот во Торонто

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз нема да игра на Мастерсот во Торонто, објавува „Marca“. Минатата година, Алкараз исто така го пропушти Мастерсот во Канада. Според шпанскиот спортски портал, вториот светски рекет број ќе

Пронајдено безживотно тело пред хотел „Инекс“ и претседателската вила во Охрид

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот комплекс „Инекс“ и претседателската вила во Охрид, откако
Go toTop