Три месецa затвор за обвинетиот за убиството на кучето Феликс

July 15, 2025
1 min read

Основниот кривичен суд во Скопје ги прогласи за виновни Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиство на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од нанесените повреди.

Според обвинителниот акт, на 19 ноември 2024 година, Крстевски, користејќи тврд предмет налик на стап, го удрил во повеќе наврати кучето Феликс во пределот на главата без оправдана причина, нанесувајќи му потрес на мозокот и хематоми. Заедно со Билбиловски, го врзале кучето со жица и го влечеле до контејнер, каде што го фрлиле, верувајќи дека е мртво.

Судот го осуди Крстевски на три месеци затвор, а Билбиловски доби парична казна од сто дневни глоби, со вредност од 10 евра по глоба, во вкупен износ од 1.000 евра.

Делото е квалификувано според член 233 став 1 од Кривичниот законик, кој предвидува парична казна или затвор до три години за оној што ќе усмрти животно без причина или ќе го изложи на непотребни маки и болки.

Судењето го водеше судијката Лидија Петровска, а застапник на обвинението беше јавниот обвинител Зоран Здравев. Ова е прва пресуда со затворска казна за овој вид кривично дело.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Следно

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

Latest from Blog

FLEX CREDIT го зацврстува лидерството со рекордни резултати и 65 филијали низ Македонија

Flex Credit, еден од најдинамичните финансиски системи во Македонија, оваа година ја организираше својата годишна конференција во Струга каде пред сите вработени и менаџментот беа презентирани рекордни финансиски резултати за првото полугодие

УМЕТНИКОТ АЛИ СИНАНИ Е НОВ ДИРЕКТОР НА НАЦИОНАЛНАТА ГАЛЕРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

Уметникот Али Синани е нов директор на Националната галерија на Северна Македонија (НГСМ), соопшти институцијата на нивната фејсбук страна. Тој доаѓа на местото на досегашната в. д. директорка Маја Неделковска-Брзанова. „По огласот

Битола вечерва пулсира во ритамот на „Локум фест 2025“: Кокан Димушевски го отвора 19‑тото издание под мотото „Наследството како сцена“

БИТОЛА – Пациото на битолскиот музеј вечерва (16 јули) се претвора во музичка капија меѓу вековите: пијанистот и композитор Кокан Димушевски со солистички концерт го означува стартот на 19‑тото издание на Балканскиот етно‑фјужн фестивал „Локум фест

Тошковски: Македонија е далеку побезбедна од тоа што беше пред две години, за тоа говорат бројките, граѓаните и фактите

Македонија е далеку побезбедна од тоа што беше пред две години, за тоа говорат бројките, граѓаните и фактите, а опозицијата нормално е дека ќе си дава изјави такви какви што си дава

Најмалку 21 Палестинец убиени на пункт за хуманитарна помош на САД во јужна Газа, многумина задушени од солзавец

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 21 Палестинец се убиени денес чекајќи да добијат хуманитарна помош близу американскиот дистрибутивен пункт во јужна Газа, од кои многумина се задушија од солзавецот испукан од израелските сили,
Go toTop