Макрон пред Денот на Бастилја: Слободата никогаш не била толку загрозена како сега

July 14, 2025
1 min read

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа, во предвечерието на Денот на Бастилја, изјави дека „слободата никогаш не била толку загрозена“ од крајот на Втората светска војна во 1945 година како што е сега и „никогаш мирот на европскиот континент не зависел толку многу од непосредните одлуки“.

-Живееме во момент на превирања. Одамна ја разбравме нивната неизбежност, рече Макрон во своето традиционално обраќање до вооружените сили пред Денот на Бастилја.

„Никогаш порано мирот на нашиот континент не зависел толку многу од нашите непосредни одлуки“, додаде Макрон, наведувајќи ги „империјализмот и силите за анексијата“ како што е Русија, која започна војна против Украина во февруари 2022 година.

Меѓународниот поредок воспоставен по Втората светска војна е сè повеќе оспорен и ослабен, и „бидејќи повеќе нема правила, преовладува законот на најсилниот“, рече Макрон.

Франција треба „да се соочи со толку многу предизвици за да остане слободна, господар на сопствената судбина“, додаде тој.

Макрон во обраќањето до армијата рече дека сака да го зголеми планираниот буџет за одбрана со уште 3,5 милијарди евра во 2026 година, а потоа уште три милијарди евра во 2027 година, така што буџетот за одбрана ќе се удвои за време на неговите два мандата.

„Ажурирањето на Законот за воени прашања за периодот 2024-2030 година ќе биде презентиран на есен“, рече францускиот претседател.

Во Франција, националниот празник, Денот на Бастилја, ќе биде одбележан денеска со традиционална воена парада на авенијата Шанзелизе, во Париз, објавија локалните медиуми, додавајќи дека парадата ќе се одржи во светлината на зголемените безбедносни мерки поради нестабилноста во светот.

Празникот се слави во чест на падот на Бастилја, озлогласената париска тврдина-затвор, на 14 јули 1789 година. Тоа беше еден од клучните моменти на Француската револуција.

Падот на Бастилја е симбол на единството на нацијата и крајот на апсолутистичката монархија. После тоа, на 26 август 1789 година, беше усвоена Декларацијата за човекови и граѓански права. Таа декларација подоцна ги воспостави француските национални вредности – слобода, еднаквост и братство (Liberte, Egalite, Fraternite).

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ЦУК: Пет активни пожари, деветнаесет изгаснати, состојбата со пожарите до утрово

Следно

ДУИ: Зошто „Охридско лето“ ги изостави Албанците во програмата

Latest from Blog

Петровски по ЕП во Литванија: Девојките дадоа сè од себе во дресот на Македонија

Селекторот Виктор Петровски ги сумираше впечатоците по одиграните натпревари на Европското првенство во Б дивизијата во Литванија, на кое македонската женска јуниорска кошаркарска репрезентација го освои 18. место. КФМ „Мислам дека реално,

Над 700 Палестинци убиени од израелски оган во Газа чекајќи да добијат вода

ГАЗА/ИСТАНБУЛ (АА) – Повеќе од 700 Палестинци, претежно деца, се убиени од оган од израелската армија додека чекале да добијат вода од октомври 2023 година досега, соопштија локалните власти денес, јавува Анадолу.

Сузбиена организирана криминална група инволвирана во криумчарење на мигранти, лишени од слобода шест лица

На 13.07.2025 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со Одделот за специјални и посебни операции, под раководство на јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, по повеќемесечно криминалистичко истражување,

Која е Турската „Казанџи груп“ која планира да носи гасна револуција: милијарда евра за нови когенерациски централи во Македонија

Веднаш по потпишувањето на Меморандумот за соработка, премиерот Христијан Мицкоски објави дека турскиот енергетски конгломерат „Казанџи груп“ – познат по брендот Aksa Energy – е подготвен да вложи околу 1 милијарда евра

Домашните и странските туристи уживаат во панорамскиот поглед над Кападокија со балоните на топол воздух

СКОПЈЕ (АА) – Домашните и странските туристи кои го избраа културниот туризам за време на летните одмори имаа можност да го доживеат регионот на Кападокија во Турција од воздух, учествувајќи во популарните
Go toTop