Подметнувач на пожар во делчевско снимен на надзорна камера

July 13, 2025
1 min read

При преглед на надзорна камера, регистрирано е лице кое подметнува пожар во делчевската населба Први Реон. Настанот се случил во вечерните часови на 9 јули, а на снимката се забележува лице кое по палењето бега од местото на настанот.

 

Инцидентот кој е пријавен до надлежните служби од страна на жител на Делчево се случил во доцните вечерни часови. Локалните власти апелираат до граѓаните да бидат внимателни и веднаш да пријават вакви и слични сомнителни активности.

 

 

Во услови на екстремно топло време и суво растениe, ваквите постапки се исклучително опасни и можат да доведат до големи пожари и загрозување на животи и имоти, се вели во апелот од надлежните.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Израелската армија приведе 16 Палестинци во рации на Западниот Брег и Источен Ерусалим

Следно

Иранскиот претседател бил повреден за време на војната со Израел

Latest from Blog

Автомобилско шоу во Тетово предизвика негодување кај граѓаните поради гласна бучава и отсуство на полиција

Денес попладне во Тетово се одржа автомобилско шоу кое, според поплаки од граѓани, траело од 16:30 часот со ниво на бучава далеку над дозволените 40 децибели за периодот од 15:00 до 18:00

Синер е новиот шампион на Вимблдон

Најдобриот светски тенисер Јаник Синер од Италија е новиот шампион на Вимблдон, откако во финалето го совлада двократниот победник Карлос Алкараз од Шпанија со 3:1 во сетови (4:6; 6:4; 6:4 и 6:4)
Go toTop