Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

July 13, 2025
1 min read

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на отворено, од кои два сè уште се активни, четири се ставени под контрола, а 22 се целосно изгаснати.

Активни се пожарите кај селото Николич во општина Дојран, каде што гори нискостеблеста шума, и во Чучер Сандево, на тешко достапен терен меѓу селата Горњани и Блаце, каде се работи за шумски пожар од поголем обем.

„На терен се ангажирани сите расположливи ресурси – противпожарни единици, шумска полиција и волонтери. Ситуацијата е под внимателен надзор, особено во регионите со активни пожари“, информираат од ЦУК.

Во текот на ноќта, четири пожари се ставени под контрола, и тоа кај:

  • Црешнево, Крапа и Локвица (општина Македонски Брод),
  • с. Слатино (исто во Македонски Брод),
  • с. Џидимирци (Велешко),
  • с. Перово (Ресен), каде што гореше трска и деградирана шума.

Пожарите биле најчести во западна и југоисточна Македонија, со интервенции во региони како Струга, Штип, Куманово, Гевгелија, Кичево, Охрид, Виница и Македонски Брод. Запалени биле депонии, ниска вегетација и шумски површини.

Од ЦУК повторно апелираат до граѓаните да не палат оган на отворено, посочувајќи дека при вакви температури дури и мала искра може да предизвика сериозен пожар. Секој сомнителен чад или пламен треба веднаш да се пријави.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Следно

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Latest from Blog

Синер е новиот шампион на Вимблдон

Најдобриот светски тенисер Јаник Синер од Италија е новиот шампион на Вимблдон, откако во финалето го совлада двократниот победник Карлос Алкараз од Шпанија со 3:1 во сетови (4:6; 6:4; 6:4 и 6:4)

ТОН ЕМОЦИИ: Ливерпул го одигра првиот натпревар по смртта на Жота (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ливерпул попладнево против Престон го одиграа првиот натпревар без Диого Жота во составот, откако португалскиот фудбалер во сообраќајна несреќа на почетокот на месецот го загуби животот. Сите на стадионот „Дипдејл“

Зголемени гужви на границите: На Табановце и Богородица се чека и по еден час

Зголемен сообраќаен интензитет и задржувања од околу еден час се евидентирани денеска на граничните премини Табановце и Богородица, информира Авто-Мото Сојузот на Македонија (АМСМ). Според информациите, засилената фреквенција на возила е резултат
Go toTop